Ballina International Македонски Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на коронавирус

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на коронавирус

Директорката за УЈП, Сања Лукаревска, е позитивна на Ковид-19 објави таа утрово на фејсбук. Лукаревска напиша дека по раобтните средбни кои ги имале со Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, кој е позитивен на коронавирусот и таа се тестирала и оти резултатот и е позитивен.

„Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна изолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција“, напиша Лукаревска на фејсбук.

Лукаревска вчера со премиерот Оливер Спасовски беше во Куманово каде се сретнаа со кандидатите за пратеници од втората изборната единица. Лукаревска по средбата им делеше заштитни маски на граѓаните низ градот./telma.com.mk

@tn.lajmelokale
@tetovanews