Ballina International Македонски Паднаа температурите, порасна концентрацијата на ПМ 10 во воздухот

Паднаа температурите, порасна концентрацијата на ПМ 10 во воздухот

Мерните станици во Скопје вечерва покажуваат висок сепен на аерозагадување.

Во Маџир Маало измерени се 410 ПМ 10 честички на метар кубен, во Кисела Вода измерени се 398 ПМ 10 честички, а близу 300 е и во Ново Лисиче и Гази Баба.

Исто така, високи вредности на загадување на воздухот има и во Кавадарци, Гостивар, Тетово и Велес.

Ваквите бројки доаѓаат во период од годината кога пааѓаат температурите, како и во период од денот кога граѓаните се претежно дома.

Како што неодамна рече министерот за екологија Насер Нуредини, затоплувањето на домаќинствата е главен предизвикувач на големото загадување.

@tn.lajmelokale
@tetovanews