Ballina Македонски ДОСЕГА НАД 12.500 ТЕТОВЦИ КАЗНЕТИ ОТИ НЕ НОСЕЛЕ МАСКИ

ДОСЕГА НАД 12.500 ТЕТОВЦИ КАЗНЕТИ ОТИ НЕ НОСЕЛЕ МАСКИ

Во Тетово во изминативе 24 часа санкционирани се 62 лица оти не носеле маски. (Фото: СДК.МК)

Откако е донесена мерката за носење на заштитни маски досега, тетовската полиција изрекла над 12.500 казни за непочитување на заштитата од ковид-19. Носењето заштитна маска на лицето од средината на октомври стана задолжитено и во затворен и на отворен простор, па за изминативе речиси 3 месеци изречени се над 5.500 казни.

„Од вкупно 5.562 казни за неносење на заштита на лицето, во октомври биле изречени 2.130 казни, во ноември 1.789, а во декември 1.643. Тука се сите прекршувања на мерката на отворен простор, во возила, во објекти и слично. Од почетокот на мерката, за неносење маски на тетовското подрачје изречени се вкупно 12.512 санкции. Секторот за внатрешни работи Тетово и понатаму апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19. Потсетувам дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба, изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2.000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице“, вели портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Трендот на непочитување на уредбата за носење заштитна маска продолжува и во новата година. Од 1 до 3 јануари, до 7 часот наутро, изречени се вкупно 72 казни за неносење маски, а во изминативе 24 часа санкционирани се 62 лица кои ја прекршиле оваа уредба.

З. АНДОНОВ/СДК.МК