Ballina International Mакедонски Во Македонија регистрирани 20 соеви на Ковид-19, но не и британскиот

Во Македонија регистрирани 20 соеви на Ковид-19, но не и британскиот

Од почетокот на пандемијата меѓу анализирани 180 вирусни геноми, британската варијација на корона вирус не е присутна, но постојат други 20-ина соја на корона вирусот, кај изолирани пациенти од државата, информираат од министерството за здравство.

Од присутните соеви на вирусот, два (B.1.1 и B.1.1.70) се доминантни во нашата популација, присутни кај повеќе од 75 отсто од пациентите.

Од министерството појаснуваат дека зголемување кај сојот B.1.1.7 присутна е и дополнителна мутација првпат детектирана во јуни 2020 кај пациент со ковид-19 од Охрид и овој варијантен сој е доминантен од ноември наваму во нашата земја.

-Согласно епидемиолошките податоци за стивнување на епидемијата во нашата земја во последниот период, се претпоставува дека варајантниот сој не е поврзан со зголемена трансмисивност ниту, пак, со тежината на клиничката слика на заболените“,

Се вели во соопштението.

Министерството за здравство информира дека заклучно поселдните податоци од 11 јануари според аналисите на МАНУ не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја.

Иако британските власти минатата недела предупредија дека новиот вид на вирусотима повисока стапка на смртност, дел од британските доктори пак смируваат дека сегашната варијанта во Велика Британија е поинфективна, но не и поопасна.

Грчкиот весник „Катимерини“ денеска пишува дека здравствените власти во Грција досега откриле 32 пациенти со новиот британски сој на корона вирусот. „Лабораториските тестови на 235 примероци земени од граничните премини, болниците и луѓето кој биле во близок контакт со потврден случај на мутиран вирус покажаа дека 32 се позитивни на на т.н.британски вид на корона вирусот“, пишува „Катимерини“.

@tn.lajmelokale
@tetovanews