Ballina International Mакедонски ВИДЕО: Телма во Бугарија – како се случи несреќата на автопатот Струма?

ВИДЕО: Телма во Бугарија – како се случи несреќата на автопатот Струма?

Голема автобуска несреќа се случи на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 46 луѓе, меѓу нив 11 се малолетници.

Четири годишни близнаци се најмладите жртви. Патниците заедно со своите семејства се враќале во Македонија по продолжениот викенд во Истанбул. Седуммина повредени се во добра состојба во болница во Софија.

Во трагедијата што се случи во Бугарија загинаа 5 ученици од ОУ „Исмаил Ќемаили“. Тие биле на патување со своите семејства, а наставата во прва смена била прекината, бидејќи децата се вознемириле, а втората смена сега работи.

Тимови на двете обвинителства веќе работат на откривање на причините за несреќата, а тимови на крим-техника од македонското МВР патуваат на местото на несреќата.

На лице место на несреќата е нашиот репортер Миомир Серафиновиќ.

ВИДЕО: Се извлекуваат телата на починатите во автобуската несреќа во Бугарија

Екипа на Телма е на местото на несреќата каде што утрово животот го загубија 46 лица кога изби пожар во автобус што превезувал македонски граѓани кои биле продолжен викенд во Истанбул.

Несреќата се случила на автопатот „Струма“ на 37 километри оддалеченост од Софија.

Лица на судска медицина ги извлекуваат телата на починатите лица кои понатаму ќе бидат идентификувани.

На местото каде што се случи автобуската несреќа е и јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска кои денеска итно отпатуваа на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија. Исто така присутен е и директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов.

ВИДЕО: На интернет се појавија снимки од качувањето на патниците во автобусот

На интернет сајтот haberler.com се појавија снимки на кои се гледа како македонските патници се качуваат во автобусот за да тргнат на пат од Истанбул за Македонија.

На безбедносните камери јасно се гледа како патниците го напуштаат хотелот во кој престојувале во Истанбул и се качуваат во автобусите.

Artikulli paraprakRuskoska: Pronari i “Besa Trans” është në vendin e ngjarjes, kemi realizuar bisedë
Artikulli tjetërPernik: Autobusi nuk është rrokullisur, ka materiale të filmuara “që nuk janë të përshtatshme për t`u shikuar”