Ballina International Mакедонски Реконструкција на последното патување на автобусот на Беса Транс (VIDEO)

Реконструкција на последното патување на автобусот на Беса Транс (VIDEO)

Хотел во Истанбул во населбата Есенлер. Надзорните камери ги регистрираат 52 патници како ги товарат своите куфери во автобусот и тргнуваат на патување, кое за неколку часа ќе се покаже, дека е нивно последно. Некои од патниците околу 16.00 часот вчера се слушнале со своите најблиски во Македонија за да им кажат како се и дека тргнале кон Македонија, каде требаше да пристигнат утрово со прв станица на застанување – Куманово па Скопје. Но тоа никогаш нема да се случи. Нивното патување трагично ќе заврши во три часот наутро на кривината на смртта на автопатот Струма, во ренот на селотто Боснек, пред градот Перник во Бугарија – позната како црна точка на автопатот. Неколку минути пред два часот по бугарско време на телефонот за истни случаи 112 стигнал повикот кој ги мобилизирал противпожарните и медициските екипи од Перник и во Софија.

ОКОЛУ 3 ЧАСОТ ПО ПОЛНОЌ МИ СЕ ЈАВИ ДЕЖУРНИОТ ВО ОПШТИНА ПЕРНИК КОЈ МИ СООПШТИ ДЕКА СЕ СЛУЧИЛА УЖАСНАТА НЕСРЕЌА КОЈА СЕ СЛУЧИЛА НА АВТОПАТОТ СТРУМА, СО МНОГУ ЖРТВИ. АВТОБУС СО МАКЕДИНСКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ПРЕТРПЕЛ ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО КОЈА СЕ ЗАПАЛИ, ТУКА НА ОВА МЕСТО. ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА ВЛАЖНИОТ КОЛОВОЗ, СО ОГРОМНА НИВЕЛАЦИЈА И ОСТРИОТ СВИОК И ЧОВЕК АКО НЕ ГО ЗНАЕ ТОА МОЖЕ ДА ДОДЈЕ ДО ТРАГЕДИЈА, (КАКО ОВАА) КАКВА ШТО ЈАС НЕ ПАМЕТАМ, ИЗЈАВИ СТАНИСЛАВ ВЛАДИМИРОВ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПЕРНИК .

Автобусот на смртта кој бил последен од конвојот од четирите автобуси на Беса транс од Скопје шест часа пред кобната несреќа, во 21 часот, е регистриран како ја поминува турско-бугарската граница на граничниот премин „Капетан Андреево“. Од тогаш до 3 часот утрото нема информации дали автобусот имал некакви проблеми или не. Она што се знае е дека последното запирање на автобусот било на бензинска пумпа, за патниците да се одморат, напијат кафе и освежат, на само неколку километри пред местото каде тие трагично ќе го завршат своето патување.

ГЛЕТКАТА Е ЗАСТРАШУВАЧКА. НЕ СЕКОЈ МОЖЕ ДА ЈА ПОДНЕСЕ ТАА ГЛЕТКА. ЗАСТРАШУВАЧКА ГЛЕТКА. ДЕТАЛИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ЌЕ СЕ РАЗЈАСНАТ ВО ТЕКОТ НА ИСТРАГАТА. НЕ Е ЗА ГЛЕДАЊЕ ТОА ТАМУ. ЛУЃЕТО СЕ СИТЕ НА КУПЧЕ. ЦЕЛИТЕ СЕ ПЕПЕЛ. ЗАТОА НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА КАЖЕ КОЛКУ ЛУЃЕ ИМАЛО ИЛИ КОИ СЕ. ТЕЛАТА МОРА ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ, ШТО ЌЕ БИДЕ МНОГУ ТЕШКО И ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ ЕДЕН ПО ЕДЕН. ИМА МОЖНОСТ, БИДЕЈЌИ НЕКОЛКУ АВТОБУСИ ПАТУВАЛЕ ЗАЕДНО И ОВОЈ БЕШЕ ПОСЛЕДНИОТ, ЗА ВРЕМЕ НА ОДМОРИТЕ ШТО ГИ ПРАВЕЛЕ, ПАТНИЦИТЕ ДА СЕ ПРЕФРЛАЛЕ ОД ЕДЕН ВО ДРУГ АВТОБУС, ИЗЈАВИ БОЈКО РАШКОВ, МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НА БУГАРИЈА.

А делницата од автопатот каде се случила несреќата сведочи за последните мигови на 45-те македонски граѓани, меѓу кои и 12 деца, со разрушената 50 метарска банкина и изгорениот до пепел автобус кој навлегол во меѓупроистори на двете коловозни ленти на автопатот. Зад себе оставил и еден соборен сообраќаен знак.

На слабиот дожд кој врнел во текот на ноќта падна првиот сомнеж дека е можно да го ја предизвикал несреќата, правејќи го коловозот лизгав. Сепак првите неофицијални информации за несреќата се дека се слушнала експлозија во која изгорел автобусот, но не се знае што ја предизвикало. Претпоставките се дека таа е предизвикана од ударот во банкината или од пожар во самиот автобусот. Се уште не се знае дали несреќата ја предизвикал човечка грешка и условите на патот или техничка неисправност на возилото.

Тамара Грнчароска

Video bonus:

Artikulli paraprakDëshmia nga autobusi tjetër i Besa Trans-Shkup: Kur u kthyem morëm vesh se në aksident ishin 45 të vdekur
Artikulli tjetërZyrtare: Ministria e Jashtme e Maqedonisë së Veriut publikoi listën e personave që i mbijetuan aksidentit tragjik në Bullgari