Ballina International Mакедонски ВИДЕО | ПОПЛАВИ ВО ТЕТОВСКО, СЕ УРНА КУЌА ВО СЕЛО ЃЕРМО

ВИДЕО | ПОПЛАВИ ВО ТЕТОВСКО, СЕ УРНА КУЌА ВО СЕЛО ЃЕРМО

Синоќешното големо невреме кое го зафати Тетовско ги поплави улиците низ градот, а предизвика и материјални штети. Надојдената вода ги поплави подрумите и работилниците кај тетовската касарна, а под вода беа и улиците 141 , Фуштанска, Илинденска, Мирце Ацев, 121 и повеќе други. Во горниот дел на градот водата навлезе во повеќе куќи во населбата Два Бреста, а во Горна Чаршија биле евакуирани 10 жители на населбата. Критично било и во село Ѓермо ,каде е оштетена една куќа и причинета е материјална штета, а со интервенција на механизацијата спречено е излевање на реките во Порој и Мала Речица.

Жителите на Тетово од овие најзагрозени реони цела ноќ се бореа со надојдената вода, а денеска почнаа да ги пријавуваат настанатите штети во нивните домови и објекти.

„Ова кај нас се случува после секој посилен дожд и редно е проблемот еднаш засекогаш да се реши. Цела ноќ и утро ја чистевме калта и водата што навлезе во просториите. Направена е голема штета на покуќнината, мебелот, поради што дел ќе мораме и да ги фрлиме бидејќи веќе се неупотребливи“, велат жителите на Тетовско.

Денес повторно заседаваше кризниот штаб на Општина Тетово. Градоначалникот на Општина Тетово Била Касами изјави дека биле ангажирани сите расположиви капацитети на Општината за да им се помогне на загрозените граѓани.

„Ноќеска најкритично беше, како и досега кога има обилни дождови, на Поројска Река и во Мала Речица, исто така критично беше и во село Ѓермо. Во градот, како секогаш, критични точки беа улиците во близина на касарната, подвозниците на влезот во Тетово од правец на Скопје и кај село Фалише, кои беа целосно поплавени бидејќи нема изградено соодветна атмосферска канализација на овие објекти. Сега работиме на чистење од кал и песок на поплавените улици. Како Кризен штаб ние и понатаму ќе ја следиме состојбата, бидејќи и за денес попладне е најавено можно невреме“, изјави градоначалникот Касами.

Од Општина Тетово повторно, како и при поплавите од мај оваа година, е побарана помош од Владата во санирање на штетите, но засега нема одговор на барањето, а Општината ги нема исплатено ни штетите од поплавите од мај оваа година.

„Ние при минатите поплави формиравме локална комисија која излезе на терен и направи увид по што пуштивме барање до Државниот завод за проценка за и тие да направат проценка на нстанатите штети но до сега немаме одговор од нивна страна. Иако тие се државна институција, ни бараат пари за да направат проценка, па ние одлучивме со наши средства да ги обештетиме граѓаните. Одлучивме, на првата наредна седница на Советот да донесеме одлука за надомест на причинетата штета по категории, но свесни сме дека тоа нема да биде прецизна пресметка како кога неа би ја направила Државната комисија за проценка на штети“, рече Касами.

Од денеска сите граѓани кои претрпеле штети од синоќешните поплави можат да ги истите да ги пријават во Општината.

Artikulli paraprakSHQIPTARËT – LIDHJET E HERSHME ME PERËNDIMIN 
Artikulli tjetërKëto janë 8 gjuhët e lashta që fliten ende sot