Ballina International Македонски Во реката Пена во Тетово пронајдено телото на исчезнат малолетник (VIDEO)

Во реката Пена во Тетово пронајдено телото на исчезнат малолетник (VIDEO)

16-годишник од тетовско Ново Село бил пронајден починат во водите на реката Пена во месноста „Бањиче“ во Тетово, за кого неговиот татко вчера пријавил дека се оддалечил од дома со патничко возило „ауди“.

Командирот на тетовската пожарна, Авни Амети, вели дека заедно со семејството ја започнале потрагата околу полноќ. Автомобилот го пронашле ноќеска пред угостителски објект во месноста, а утрово и неговото безживотно тело.

СИТУАЦИЈАТА ГОРЕ Е МНОГУ ЛОША. УТРОВО СЕ ЈАВИВМЕ ДЕКА ТЕЛОТО ГО ПРОНАЈДОВМЕ ОКОЛУ 6.45 И ПОСЛЕ ГО ПОВЛЕКОВМЕ ОД ВОДА. ВОДАТА ГОРЕ Е МНОГУ ОВОЈ ПЕРИОД, ТРЕБАШЕ МНОГУ ПОЖАРНИКАРИ ДА СЕ ИНВОЛВИРААТ И ДА ГО ИЗВАДИМЕ ТЕЛОТО НАДВОР, ВЕЛИ АВНИ АМЕТИ, КОМАНДИР НА ТППЕ ТЕТОВО.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

ДЕЖУРЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ОД ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ТЕТОВО ИЗВРШИ УВИД. ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ОБДУКЦИЈА НА ТЕЛОТО НА ПОЧИНАТИОТ, КАКО И ЗА ПРИБИРАЊЕ НА СИТЕ ТРАГИ И ДОКАЗИ СО ЦЕЛ ДА СЕ УТВРДАТ ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА, СООПШТИЈА ОД СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ЈОРМ.

Полициската статистика покажува дека ова е трет случај на пронајдено безживотно тело во Пена годинава. Во јануари бил пронајден тетовец по кого се трагало половина месец, додека во мај се удави 6-годишно дете./Данијела Билбилоска

@tetovanews