Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави нови приведување од различни институции, меѓу кои и МВР. Во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент. Ден по трагедијата градоначалникот на Кочани поднесе оставка.
На 23 лица се зголеми бројот на осомничени за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а 155 беа повредени.
На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кажа дека денеска ќе има и нови приведувања на лица поврзани со несреќата во Кочани, а дел од нив се вработени во Министерството за внатрешни работи.
„11 лица се во притвор и нема да застанеме тука како што ми стои работава. Во текот на денешниот ден, нема да застанеме со процесни дејствија, односно констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во делот на постапување. Огромен број на институции кои согласно закон требало да ги следат ставање на функција на дискотеката, особено во делот на заштита при евентуален пожар, поради што и во текот на денешниот ден ќе има доста голем број на лица кои ќе бидат приведени и од МВР, и од други институции“, изјави Тошковски.
Македонските власти соопштија и дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани.
Според информациите кои ги соопшти министерот Тошковски, дискотеката „Пулс“ работела на диво и немала легални документи за работа, немала дозвола за употреба на пиротехника, не склучила договор со изведувачите од ДНК.
„Македонија нема систем со правила на игра кои би превенирале ваков ужасен настан. Имаме системски слабости кои оневозможуваат контрола. Констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека има катастрофална состојба на постапување на институциите“, потенцира Тошковски.
Таравари: Пациентите се во генерално стабилна состојба
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска (17 март) на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, но 20 пациенти се во критична состојба.
Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре.
Тој исто така додаде дека има и нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска.
„Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, пациентите кои што беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба. И тие што беа пренесени надвор од државата, вкупно 51 до сега, сите се во генерално стабилна состојба. Но, се појавува еден нов проблем да има пациенти кои вчера не се јавени и денеска се јавуваат. Јас би сакал да упатам порака до сите што биле дел од трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле вчера, ги молам денеска да се пријавуваат“, рече Таравари.
Од вкупниот број повредени во пожарот, во клиниките во Скопје се лекуваат 84 пациенти, додека во странство 51 пациент.
Градоначалникот на Кочани поднесе неотповилкива оставка
Откако во текот на вчерашниот ден беше мета на критики поради неговото непојавување во јавност во однос на несреќата, градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
„Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна“, напиша Папазов на Фејсбук.
Бара од надлежните институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани додавајќи дека целосно им стои на располагање на институциите.
„Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Јас се ставам целосно на располагање на институциите. Иако според закон немав директни надлежности во овој случај, подготвен сум да одговорам на сите прашања за се, како и за моите лични постапки“, пишува Папазов.
„Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Јас се ставам целосно на располагање на институциите. Иако според закон немав директни надлежности во овој случај, подготвен сум да одговорам на сите прашања за се’, како и за моите лични постапки“, пишува Папазов.
Доколку постои било каков основ за одговорност кај мене, вели Папазов, го повикувам Обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите.
По несреќата во Кочани, Владата на Северна Македонија вчера прогласи седумдневна жалост на територија на цела држава.
@tetovanews
@tn.lajmelokale