Ballina International Mакедонски Тетовец загина во сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

Тетовец загина во сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

Вчера во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински мост, патничко возило „ланд ровер” со тетовски регистерски таблици излетало од пат.

СВР Тетово информира дека на лице место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово. Тој се здобил со тешки телесни повреди и на лице место им подлегнал на повредите, додека сопатничката, негова сопруга А.С.(47) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство до јавен обвинител.