Ballina International Mакедонски ДОЈАВА ЗА БОМБИ ВО ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ, КОЧАНИ, ШТИП И ТЕТОВО, УЧЕНИЦИТЕ...

ДОЈАВА ЗА БОМБИ ВО ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ, КОЧАНИ, ШТИП И ТЕТОВО, УЧЕНИЦИТЕ СЕ ЕВАКУИРАНИ

VIDEO BONUS: Zgjedhjet në Kosovë

Дојави за бомби утрово ја прекина наставата во основни училишта во Скопје, Кочани, Штип и Тетово. Од Министерството за внатрешни работи велат дека утрово дојави за бомби имало во повеќе општини.

„Утрово на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации во текот на денот“, велат од МВР.

Во Општина Аеродром шест основни училишта утрово се евакуирани поради дојава за бомби. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) прават проверки во школите.

„Утрово во шест школи имаше дојави за бомби. Учениците се веднаш евакуирани, изнесени од школите. Тимови на МВР прават проверки. Веднаш штом ќе завршат проверките и добиеме потврда дека училиштата се безбедни ќе продолжи наставно-образовниот процес“, вели Митески.

Во Општина Центар дојава за бомби имало во три училишта.

„Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи. Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излезе на терен и презеде мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените. Во училиштето „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во „Гоце Делчев “ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава, во тек е полициска проверка“, велат од Општина Центар.

Во Штип дојави за бомби утрово имало во гимназијата „Славчо Стојменски“ и медицинското училиште „Јане Сандански“.

Во Тетово дојава за бомби има во гимназијата и основните училишта „Гоце Делчев“ и „Наим Фрашери“, како и во музичкото училиште и средните економско и медицинско. Можно е да има во сите средни и основни училишта низ градот.

Во октомври 2022 година речиси цел месец наставата во скопските средни училишта се одвиваше со прекини поради лажни дојави за бомби.

Во Хрватска вчера имаше 85 дојави за бомби и евакуација на школи, а полицијата откри дека се лажни. Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божовиќ рече дека серверот е надвор од Хрватска и во тек е криминалистичко истражување и дека во истрагата вклучени се експерти по кибербезбедност и Европол.

VIDEO BONUS: Kronika
@tetovanews
@tn.lajmelokale