Тројца актуелни функционери од редовите на ДУИ на тапет во тетовското Основно Јавно Обвинителство. Министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот Завод за индустриска сопственост Сафет Емрули, незаконски напредувале во своите научни звања на Правниот факултет, при Државниот универзитет во Тетово.Според тврдењата на државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиески, првиот Адеми се стекнал со научно звање доцент, заменик министерот за внатрешни работи станал вонреден професор.Највеќе напредувал Емрули од асистент бил унапреден во доцент а потоа и во вонреден професор.
Илиевски тврди дека ова не единствениот нивни грев, за интелектуалните услуги кои ги вршеле на тетовскиот универзитет, тие незаконски примале надоместоци преку Македонската авторска агенција-АД Скопје.
„Министрите Арбер Адеми,заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот за интелектуална услуга се унапредувале незаконски во период кога им мурува рабониот однос, кога се на јавни функции што е спротивно на законот за високо образование, спротивно на законот за работни односи. Згора на тоа тие склучувале и интелектуални услуги,земале пари преку македонска агенција.Сето тоа финансиска полиција го има истражено и доставено е барање до Основното Јавно обвинителство во Тетово за поведување на кривична постапка“, вели Ѓорѓи Илиески – државен просветен инспектор.
Во меѓувреме,функционерите ги вратиле парите што ги зеле за врешење на интелектулни услуги на Универзитетот,но според Илиевски тоа е доволно.
„Тие пари се вратени,каде што во една нормална држава за таквото нешто се поднесува неотповиклива оставка.Што значи еден лош пример, една лоша порака дека едни вакви функционери како што се министрите и директор да прават незаконитости во делувањето и во работењето“, вели Илиески.
Алфа побара информација и од Јавното обвинителство на Република Македонија. Во дописот стои дека Основното јавно обвинителство Тетово во октомври 2019 година примило извештај од Управата за финансиска полиција и постапува во предистражна постапка во насока на проверка на наводите во извештајот.