Ballina International Mакедонски Нови пет пациенти позитивни на коронавирусот, се затвораат сите гранични премини и...

Нови пет пациенти позитивни на коронавирусот, се затвораат сите гранични премини и аеродромот во Скопје (VIDEO)

Владата вечерва одлучи да се затворат сите гранични премини во Република Северна Македонија, за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.

Ова вечерва на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

– Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на МЗ, рече Филипче во Владата.

https://youtu.be/_FaaQquO0rI

Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, Граничниот премин, освен за државни, воено, карго и  медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.

Филипче рече дека се потенцирало и повторило МВР да постапува поинтензивно во однос на проверките и решенијата за одлуките за самоизлација и за тоа да го информира Главниот штаб во Владата и самата Влада.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва апелираше граѓаните да се воздржат од патување во странство.

Димитров на прес-конференција во Владата упати порака и до оние наши државјани кои имаат регулуран статус и престој да останат во државите каде што престојуваат.

Приоритет на МНР во моментов се граѓаните кои се заглавени на граничните премини во трети држави.

Групата од 200 македонски државјани кои беа запрени на српско- унгарската граница се пренасочени преку Романија и Бугарија и во утринските часови треба да пристигнат на Деве Баир, информира Димитров.

Посочи и дека има најави од ЕУ за можни рестрикции во движењето на луѓето поради ширењето на коронавирусот.