Уште осум новозаразени во Тетово.Бројот на пациенти со ковид 19, изминатиов период загрижувачки расте во полошко.Најголема причини се семејните собири и непочитувањето на мерките.Епидемиолозите најавуваат вонредни скрининзи.
Како што расте бројот на заразени, тетовци се се поопуштени.Мерките речиси воопшто не се почитуваат.Не се носат маски, не се држи дистанца, а семејните собирања не запираат.
Со новите 8, бројката на вкупно дијагностицирани во Тетово се искачи на 199.Епидемиолозите стравуваат дека бројот и натаму ќе расте, особено сега со олабавување на мерките./alfa.mk