Седум лица биле уаспени поради нелегално поседување на марихуана и ладно одружје во Тетово.
„На 18.05.2020 во 15.00 часот на регионалниот пат Тетово-Требош, пред Требошки надвозник, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.З.(21) од село Палатица и С.И.(21) од село Требош затоа што при преглед кај Д.З. била пронајдена марихуана, додека кај С.И. бил пронајден метален боксирач.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 18.05.2020 во 17.15 часот на локалниот пат за село Палатица, во непосредна близина на подвозникот кај Желино, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.Р.(19), Џ.Б.(19), З.Б.(18), И.Р.(19) и еден 16 – годишен малолетник, сите од село Боговиње, тетовско, затоа што при преглед кај Б.З. и Р.И. била пронајдена марихуана, додека при преглед во возило „голф“, сопственост на Џ.Р., била пронајдена дробилка.“ соопштуваат од полиција.
Лицата биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.