Двајца пациенти починаа во изминатите 24 часа како последица од корона вирусот . Во болницата 8-ми септември починал 78-годишен пациент од Скопје, кој бил примен на 7 мај, исто како и 77-годишен пациент од Тетово примен на лекување на 14 мај.
Институтот за јавно здравје регистрираше и 50 оздравени пациенти .
Од 533 направени тестови , во изминатите 24 часа, позитивни се 22, во Тетово по 3, Штип и Прилеп по 2 , Велес 4, Гостивар и Струга по 1 и прв регистриран случај во Свети Николе, најмногу зарзаени денес имаме во Скопје, 8.
Во главниот град во моментов има 143 активни случаи на зарзаени со коронавирус а според директор на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р Арбен Зибери во Скопје има заразени во сите општини, но жариштето е во скопско Сарај.
„Денеска во речиси сите скопски општини имаме по некој случај , конкретно пред минатата недела најкритично беше во општина Сарај, но денес немаме ново заразен од таму, но би рекол дека сите оптини се со речиси исто ниво.“ – изјави Зибери
Вкупната бројка на ковид 19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.