Во изминативе 24 часа направени се 727 тестирани, регистрирани 89 нови случаи на коронавирус. Регистрирани се 17 оздравени, 7 починати. Вкупната бројка на дијагностицирани е 2315 , бројката на оздравени 1569, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Од вкупниот број на направени тестови 312 теста се во рамките на скринингот на градинките. Направени се тестови во Прилеп и Скопје и регистрирани 3 позитивни случаи во дом за стари лица во Скопје.
На Клиниката за инфективни болести примени се 2 пациенти вкупно хоспиталзиирани 45, во ГОБ „8-ми септември“ примени се 5 пациенти, таму се лекуваат 20, на респираторна машина се 5.
Утринава на Комисијата се анализираше состојбата во изминатите денови, статистиката од изминатите 2 недели.
Прво очигледно е дека и покрај високите бројки на новозаразени, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, што значи дека поголемиот дел се со лесна клиничка слика или еден добар дел се асимптоматски носители. Поголема екипа од 5 тимови работи на терен во повеќе скопски општини, значи дека добар дел од пациентите остануваат дома и ни дава за право да кажеме дека здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи.
Во Скопје, околу 70 проценти од новозаразените се од веќе познати кластери, пред се од општините Чаир и Сарај. Денеска веќе во Сарај нема голем број на новодијагностицирани само 2, останува интензивна работата во Чаир.
Денеска интензивно се работи и во Студеничани, од каде се овие луѓе коишто денеска се анкетираат. Во Штип новодијагностицирани се оние околу оние претходно дијагностицирани вработени во неколку конфекции.
Денеска екипа од МЗ престојува во Штип, се направи увид.
Беше донесена одлука да се затворат 5 конфекции до понеделник. Исто таква активност екипа од ИЈЗ и МЗ денеска имаше во Куманово.
Согласно сите овие анализи, од претходните денови, денеска беше констатирано дека нема неконтролирано ширење на вирусот. Заеднички став беше дека ќе се почека резултат од следните 2-3 дена, па ќе се носи одлука за воведување на рестриктивни мерки. За дополнителни рестр мерки се смета ограничување на движењето за одредени делови кадешто има пациенти и воведување на полициски час.
Анализата на епидемиолозите покажа дека бројката е повисока, но сите тие произлегуваат од контактите, согласно анкетите дадени во изминатите неколку денови.
Еден од проблемите со коишто се соочуват колегите е слабата соработка со дел од граѓаните. Има една генерална недоверба дека вирусот постои. Целосно се анкетираше семејството на починатиот од приватна болница. Апелирам дека вирусот постои, овие бројки се реални, сите мора да се придржуваат до препораките, целосно и вистинито да ги даваат информациите до надлежните.Апелирам до МВР да поинтензивно се вршат контроли на теренот. На состанокот се разговараше за планот за следните фази за олабавување на мерките. Заеднички беше донесена одлука на ова да се навратиме на крајот на оваа недела. Засега остануваат да важат сите мерки коишто се сега на сила. Досега се тестирани 3500 вработени во градинките, но за тајмингот за отворање ќе дискутираме во текот на оваа недела. Истото важи и за границите. Сметаме дека нешто е тоа што треба да го дискутираме деновиве, согласно новите податоци, новата ситуација.
По контактите кои ги имале со Зекири, денеска утрово во самозиолација назначена е само за потпретседателите Манчевски, Забрчанец, Царовска, позитивен е тестот и на Сања Лукаревска, во овој момент треба да заврши и епидемиолошката анкета на Оливер Спасовски и голема е веројатноста дека за него ќе биде потребна самоизолација од две недели“, кажа Филипче./plus24.mk