“Kur do të lexohen Kushtetuta, ligjet dhe rezultatet zgjedhore, e vërteta është vetëm një – të gjitha rrugët të çojnë drejt asaj të Bihaqit (Бихаќка) dhe Zaevit. Të gjitha të tjerat janë përralla për kalamajtë e mëdhënj dhe politikanët e vegjël”, shkruan zv/ministri për Punë të Jashtme, Andrej Zhernovski në profilin e tij në Facebook.
Nga koalicioni i LSDM-së paralajmëruan se bisedimet për formimin e qeverisë së re do të fillojnë pas Ilindenit. Atëherë, në përputhje me afatet ligjore, siç njoftoi partia e Zaevit, do të fillojë procesi i definimit të koalicionit.
Според Жерновски, Али Ахмети ќе дојде на преговори на „Бихаќка“, а не Заев во Мала Речица
Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи, со својот последен статус на социјалните мрежи најавува дека Али Ахмети, лидерот на ДУИ, е тој кој ќе дојде на преговори во седиштето на СДСМ на „Бихаќка“, а не обратно – Заев да оди во Мала Речица за формирање на Влада.
„Сите патишта водат кон Бихаќка и Заев Кога ќе се прочитаат Уставот, законите и изборните резултати, вистината е само една- сите патишта водат кон Бихаќка и Заев. Се’ друго е приказна за големи деца и мали политичари“, напиша Жерновски попладнево на Фејсбук.
Структурата и бројот на освоените пратенички мандати по одржаните предвремени параментарни избори е таква што се создаде мантра дека „сите ќе одат кај Ахмети во Мала Речица за преговори за формирање на нова Влада“.
– Ќе има големи преговори. Ќе има големи преговарачки маси, Мала Речица ќе стане најпознатото место во регионот. Онака како што се случи пред 4 години, како да е организација на Обединети нации.
Вака Али Ахмети, лидерот на ВМРО ДПМНЕ одговори на прашањето од новинарот на ТВ 21: Што ќе се случи доколку СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ победат на изборите, и не прифатат Насер Зибери да биде премиер?