Пречекорување на дозволената брзина, возење во алкохолизирана состојба и учество во сообраќај без возачка дозвола се само дел од секојдневните причини за санкционирање на возачите.
Иако полицијата и во време на празниците будно ги следи сообраќајниците и редовно изрекува казни за несовесните возачи, тоа се чини не е доволно граѓаните да ги почитуваат законските прописи. Во текот на вчерашниот ден во полицискиот билтен топ три градови во кои не се почитуаат забраните за брзо возење се СВР Тетово -101, СВР Струмица -50 и СВР Велес -41 возач кој што ја пречекорил дозволената брзина.
Инаку,деновиве бевме сведоци на скандалозни видеа кои предизвикаа силни реакции во јавноста, најпрво беше арачиновец кој со неговото Бентли влезе во пешачката зона на плоштадот, му беше изречена казна од 45 евра, но досега иако се најавуваше до обвинителството нема поднесено кривична пријава.
-До Основното јавно обвинителство Скопје до овој момент не е пристигната кривична пријава за настанот за кој покажувате интерес. Доколку биде поднесена таква пријава, јавното обвинителство ќе ја анализира и согласно обезбедените докази ќе процени дали во конкретниот настан е сторено кривично дело кое се гони по службена должност.
Инаку, на учесникот во сообраќајот веќе му е изречена парична глоба од Министерството за внатрешни работи заради сторен сообраќаен прекршок. Притоа појаснуваме дека според пресудите на Европскиот суд за човекови права, кои се извор на правото и за домашните јавни обвинителства и судови, доколку едно лице прекршочно одговара за еден настан истото не може да биде гонето и кривично,велат од Обвнителството.
Радовишанецот пак кој вчера влета со БМВ на плоштадот веднаш беше приведен а ќе следуваат и пријави. Полицијата му го озема автомобилот на човекот кој се молеше пред споменикот на Цар Самоил.
Ограничувања на брзианта на движење веќе се воедуваат и во европските метрополи. во Брисел пак , од 1ви јануари брзината за моторните возила е ограничена на само 30 километри на час. Новото сообраќајно правило ќе важи за сите делови на градот освен неколку патишта, со цел да се помогне во намалување на бројот на несреќи и зголемување на безбедноста на патиштата.