Kryetari i Aleancës për Shqiptarët, Arben Taravari ka takuar sot kryetarin e BDI-së, Ali Ahmeti, mëson TV21.
Takimi është mbajtur në Gostivar, ndërsa e kanë konfirmuar edhe nga kabineti i Taravarit. Nga atje kanë zbuluar se është biseduar për zhvillimet politike në vend, ndryshimet kushtetuese, perspektivën evropiane e vendit dhe mundësinë e zgjerimit të shumicës parlamentare.
Dy liderët kanë konstatuar se këto janë momente të rëndësishme për vendin dhe qytetarët, ndërsa ndryshimet kushtetuese dhe hapja e bisedimeve me BE-në janë prioritet strategjik, që do ndikojnë edhe në rrjedhën e zhvillimeve të tjera në vend dhe rajon, u shprehën nga kabineti i Taravarit.
Алијанса ја турка Алтернатива од Владата: Кој има проблем, тој да си го реши!
Ако се продолжи на овој начин, останатите партии само ќе се оттуѓат од овој блок, па така ќе бидеме дупло голо – ем нема 80 за уставни измени, ем про-ЕУ блокот со нарушен кредибилитет, велат за „Фокус“ од партијата на Африм Гаши.
Се уште опозициската Алијанса за Албанците има неофицијална понуда за влез во Владата, за која ќе расправа викендов, откако ќе бидат екипирани новите партиски органи, по изборот на Арбен Таравари за наследник на Зијадин Села на лидерската позиција.
Како што велат од Алијанса, понудата го вклучува министерството за правда, со кое сега раководи универзитетскиот професор Никола Тупанчевски, како и ресорот здравство, на чие чело е Беким Сали од најмладиот владин партнер – Алтернатива.
–Треба да добиеме уште еден министерски ресор, но тоа ќе зависи од потегот на Алтернатива. Ако одлучат да излезат од владата, ќе го добиеме нивниот ресор – информатичко општество. Ако останат, тогаш ќе добиеме ресор на ДУИ – ни изјавија од АА, додавајќи дека во игра се министерството за образование и за екологија.
Иако Алтернатива на Африм Гаши всушност ја спаси владата на СДСМ и ДУИ, откако ситуацијата во собранието беше 60:60 по неуспешниот обид за изгласување на недоверба инициран од опозицијата и Беса, сега влезот на Алијанса практично ја турка надвор.
Од таму велат дека немаат намера да преговараат преку медиуми, туку, како што истакнуваат, имаат принципиелен став: кој има проблем, тој треба да ја поднесе цената за да си го реши проблемот. Најпроблематично, според нив, е што начинот на кој се водат овие разговори го разводнува целиот блок партии кои се за ЕУ интеграции.
–Ако се продолжи на овој начин, останатите партии само ќе се оттуѓат од овој блок. Така, ќе бидеме дупло голо: ем нема 80 за уставни измени, ем про-ЕУ блокот со нарушен кредибилитет. Не сакаме да веруваме дека некој сака да го наруши про-европскиот коалициски капацитет. Кој мисли дека лесно може да ги наруши тие принципи, ќе плати висока цена – ни изјавија од Алтернатива.
Како што објави „Фокус“, одамна се работи за влез на Алијанса во Владата. Првичните контакти во таа насока се направени од страна на Кренар Лога од Струга, кој важи за близок до Села. Иако Таравари првично велеше дека одлуката за евентуалниот влез во владата треба да се донесе на еден внатрепартиски референдум, сега стигнуваат најави дека одлуката ќе се базира на сугестииите од амбасадата на САД.
Инаку, ова прегрупирање доаѓа во време кога ДУИ се соочува со фракционерско делување од страна на т.н. огнена група, од каде јасно порачуваат дека Али Ахмети сака со Алијанса да го амортизира влијанието на „огнените“, кои контролираат тројца пратеници – Изет Меџити, Кастриот Реџепи и Мерита Коџаџику. Тие бараат промена на Артан Груби, но Ахмети одбива да го жртвува, што води кон ескалација на внатрешниот конфликт.
Во контекст на внатрепартиските превирања, неделникот „Фокус“ пишуваше дека Ахмети не би имал ништо против доколку во рамки на најавената антикорупциска кампања „настрадаат“ и негови сопартијци, но, истовремено работи и на создавање на коалиција со токму со Алијанса и Алтернатива за следните избори, со која сака да ја намали вредноста на „огнената група“, независно дали ќе се одлучи за тивок бојкот или за посебни листи./Фокус
Дали здравство и правда ќе одат во рацете на Таравари?
Алијанса на Албанците во Собранието се поблиску до влез во владиниот кабинет на Ковачевски.
Речиси сигурни биле две министерски позиции: здравство и правда кои би ги отстапиле Алтернатива и СДСМ, а се чека дали отстапка со свое министерство ќе направи и ДУИ, брифирираат високи партиски извори.
Дополнително, се разговарало и за две заменик-министерски позиции како и за директори во Фонд за пензиско осигурување, Македонски Пошти и Управата за водење матични книги.
Алијанса утре на Централно претседателство во Куманово ќе ги дефинира своите позиции, но и ќе ги утврдува преговарачките тимови за влез во Владата.
Но, додека Алијанса се приближува, Алтернатива на Гаши која пред една година беше клучна за одржување на мнозинството ги заладува односите со СДСМ и ДУИ. Не е исклучено и излегување од владината коалиција, брифираат владини извори. Во тој случај Алијанса ќе ги преземе сите кадровски позиции од Алтернатива, плус правда, велат изворите. Од партијата на Гаши без коментар за ова.
„Ние немаме таква информација. Прашајте ги во Влада. Кога ќе има официјална информација, ќе има и наш став за тоа.“, велат од Алтернатива.
Но, дека се кршат копја околу Алтернатива и Алијнса зборува и тоа што и Гаши и Таравари беа на средба со американската амбасадорка Агелер.
Со амбасадорката Агелер се согласивме дека интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е единствениот пат кој гарантира развој, просперитет и стабилност и дека државниот резон бара проевропските сили да не дозволат отстапување од овој курс преземајќи ја без одлагање одговорноста за да не ја пропуштиме нашата шанса и успешно да го завршиме овој витален процес за идните генерации, се вели во соопштението на Алијанса по средбата на Таравари со амбасадорката.
Главните владини партнери СДСМ и ДУИ признаваат дека разговори има, но за кадровски решенија се уште е рано.
Влезот на Алијанса ги проблематизира и односите на СДСМ со помалите коалициски партнери. Демократски сојуз оцени дека влезот на уште една албанска партија е споротивен на уставниот принцип за правична застапеност. Сличен став имале уште три помали партии, кои имаат по свој пратеник во парламентот.