Mëngjesin e sotëm, një ari ka sulmuar një turist danez, i cili së bashku me një grup skiatorësh kanë marrë pjesë në skijimin “free ride”, jashtë pistave të skive në zonën Jelak të malit Sharr, njoftoi Qendra e Menaxhimit të Krizave (QMK). Ngjarja ka ndodhur para orës 11 të mëngjesit të sotëm në afërsi të Kodrës së Diellit, transmeton Portalb.mk.
Ariu ka plagosur këmbët e skiatorit danez duke kafshuar dhe gërvishtur. Ekipi i emergjencës mjekësore nga Tetova e ka transportuar të lënduarin në spitalin e Tetovës, ku do të konstatohet më tej shkalla e lëndimeve.
QMK njoftoi se drejtori Stojançe Angelov është drejtuar në Kodër të Diellit nga ku pritet të deklarohet lidhur me ngjarjen.
Мечката што го нападна данскиот турист ги бранела своите мечиња, скијачот префрлен во болница
Со повреди се здобил дански турист по напад од мечка на Шар Планина. Тој со возило на итната помош е пренесен во болница каде му биле санирани раните.
Немилиот настан се случил утрово надвор од скијачки патеки во месноста Јелак, во близина на Попова Шапка, кога тој заедно со група скијачи учествувал во “фрирајд“ скијање.
„Групата застанала да одмори, но во нивна близина се нашле две мали мечиња и веднаш потоа изрипала мечка исплашена за своите мечиња нападнала еден од туристите гризнувајќи го за ногата. Веднаш потоа мечката побегнала. Повредениот турист бил качен на ратрак, донесен до Попова Шапка, од каде што го презела екипа на итната медицинска помош од Тетово и бил префрлен до една од тетовските болници, каде раната била исчистена и преврзана“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центар за управување со кризи.
Поради повеќе пријави за зголемен број на мечки околу скијачкиот центар од Центарот за управување со кризи велат дека во соработка со надлежните институции ќе се бара решение за поголема безбедност на туристите.
„ЦУК ќе иницира неколку работни средби со раководството на НП Шар Планина да се изнајде решение со кое што ризикот за граѓаните кои доаѓаат или планинарат да биде намалена, затоа што сепак се работи за територија на која мечките природно припаѓаат“, рече Ангелов.
Жители на повеќе села како во тетовскиот, така и во мавровскиот регион изминатиов период алармираа на опасноста од зголеменото присуство на мечки во населени места, каде најчесто слегуваат во потрага по храна.
Минатата година во октомври едно лице беше нападнато од мечка во близина на Македонски Брод, а го спасиле ловџии кои се нашле во близина. Досега се регистрирани и повеќе напади врз домашни животни и оштетувања на сандаци со пчели, а во некои случаи мечки влегувале и во дворови на куќи./Данијела Билбилоска