Ballina International Mакедонски ПРОФЕСОРОТ СЛАВЕСКИ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Го прашува Касами, според која логика албанската...

ПРОФЕСОРОТ СЛАВЕСКИ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Го прашува Касами, според која логика албанската репрезентација е наш национален тим

Градоначалникот на Тетово и дел од коалицијата Вреди која ќе биде коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Билал Касами, ја ословува албанската репрезетација како „наш национален тим“.

На ова пак, преку својот профил на X жестоко реагира прпофесорот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Испишавме историја со младиот тетовец. Ја затресе мрежата на Италијанците за само 23 секунди! Секогаш со нашиот национален тим“, објави на фејсбук Касами.

Но, професорот Трајко Славески изрази неверување од оваа објава.

„Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим?“, прашува професорот Славески.