Ballina Kronika 28-vjeçari nga Tetova humb jetën në vendin e punës në Shkup (Foto+Emri)

28-vjeçari nga Tetova humb jetën në vendin e punës në Shkup (Foto+Emri)

Një ngjarje tragjike ka ndodhur dje në Shkup, ku një i ri nga Tetova me inicialet L.Sh.(28 vjeç) ka humbur jetën gjatë punës në një objekt ndërtimi.

Detajet e incidentit janë ende të paqarta, ndërsa autoritetet po punojnë për të hetuar rrethanat dhe shkaqet e këtij aksidenti fatal.

Pritet informacione te detajuara nga policia./Pa Censurë/tetova.com

ПАДНА РАБОТНИК ОД ЗГРАДА КОЈА СЕ ГРАДИ ВО „ТРЕСКА“, СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ

Попладнево работник паднал од зграда на просторот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје додека работел на неа. До Редакцијата САКАМДАКАЖАМ беше испратено аматерско видео веднаш по несреќата. Видеото е верификувано, а настанот го потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР ни изјавија дека работникот е пренесен во Ургентен центар и е во критична состојба.

„Попладнево околу 16.30 часот пријавено е дека работник падна од градилиште на зграда во градба во фабриката ‘Треска‘. Екипи на СВР Скопје извршиле увид, а лицето со екипа на Брза помош е пренесено на Ургентен центар. Според информациите од таму работникот се наоѓа во животно загрозувачка состојба“, ни рекоа од Министерството за внатрешни работи. Во кругот на фабриката „Треска“ веќе една година градат фирмите „Голден Арт“ и „Мега и Акустик“.

Лани во април Општина Центар го издаде првото одобрение за купување државно земјиште заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради според планот донесен уште од времето кога локалната власт беше на ВМРО-ДПМНЕ до 2013 година. Тогаш од Општина Центар рекоа дека согласно имотните листови на земјиштето, сопственици и баратели за откуп на државно земјиште заради дооформување на парцела се фирмите „Голден Арт“ и „Мега и Акустик“.

„По доставената документација, истите поседуваат 90.17 проценти од вкупната површина на градежната парцела, што значи дека за дооформување имаа само 9.83 проценти од вкупната градежна парцела“, рекоа лани во април од Општина Центар. Во „Треска“ се гради според стариот Деталниот урбанистички план донесен 2013 година кога градоначалник беше кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ. Со планот се предвидува изградба на 30-тина згради, кои ексградоналникот на Центар Саша Богдановиќ ги викаше „наполитанки“. Конкурсот кој го распиша Богдановиќ да се уреди просторот плански, и наместо само згради да има и зеленило и градинка, сегашниот градоначалник Горан Герасимовски не го реализираше, велејќи дека е незаконски. Планот за „Треска“ пред Уставен суд го оспори граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, но Судот ја отфрли нивната иницијатива./Maktel