Ballina Kronika Пријавена измама во тетовско, дал 34 илјади евра за имот, останал и...

Пријавена измама во тетовско, дал 34 илјади евра за имот, останал и без пари и без имот

Вчера во 14.00 часот во полициска станица во Тетово 56 – годишник од тетовско село пријавил дека во текот на 2021 година бил измамен од Х.С. при купување на недвижен имот на место викано Шипковичко Теќе, сопственост на Ш.И.(79) од с.Шипковица, тетовско.

„Според пријавеното, тие усно се договориле да купат по половина од парцела која наводно чинела 74.000 евра, по што му дал 34.000 евра за неговиот дел и заминал во странство. Како што е пријавено, после еден месец телефонски бил известен дека се е средено и платено, а откако се вратил во државата Х.С. не му дал никакви документи со образложение дека се било платено на рака. Исто така, според пријавеното, во имотен лист забележал дека купопродажниот договор бил склучен на 20.09.2021 меѓу сопственикот на земјиштето и Х.С. за износ од 3.000 евра. После тоа, според пријавата, тие на нотар се договориле Х.С. да му ги врати парите и да му подари дел од парцелата што сега му припаѓа нему, но тој ниту му ги вратил парите, ниту му го префрлил неговиот дел од парцелата“, известува МВР.