Ballina International Македонски Стружанец казнет со 3.000 евра оти не седел во самоизолација

Стружанец казнет со 3.000 евра оти не седел во самоизолација

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Еден од нив во Република Македонија пристигнал од Република Австрија, по што согласно донесените здравствени прописи бил во задолжителен државен карантин во период од 14 дена. Потоа бил должен да продолжи со домашна самоизолација, но полициските службеници го затекнале надвор од неговиот дом. Поради непочитување на обврската за самоизолација, обвинителството за ова лице од Судот побара да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 30 евра во денарска противвредност.

Четири лица го сториле кривичното дело со тоа што не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана на движење на целата територија на државата во определени временски периоди. За прекршување на полицискиот час, за обвинетите е доставен предлог до Судот со кој обвинителството побара да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​/24info.mk