Nënkryetari i LSDM-së, Muhamed Zekiri përmes profilit të tij në Facebook ka sqaruar se kreu i LSDM-së, Zoran Zaev sot ka gabuar pa dashje në deklaratën e tij duke shtuar se ka ngatërruar Bajramin dhe Ramazanin. Zekiri thekson se nuk ka pasur leje për lëvizje gjatë orës policore dhe se nuk ka shkuar askund për iftar, por që dalja e tij e parë ka qenë gjatë festës së Bajramit ku ka vizituar familjen më të afërt.
“Gjatë gjithë kohës që ka zgjatur ora policore as nuk kam pasur leje për lëvizje, as kam shkelur ndonjëherë ndonjë nga masat e ndalimit të qarkullimit! Gjatë gjithë kohës që ka zgjatur muaji i Ramazanit, të gjitha darkat e iftarit i kam relizuar në shtëpi, vetëm me anëtarët e familjes – dhe pa vizita nga askush.Dalja ime e parë ka qenë në festën e Bajramit, ku kam realizuar vizitë në familjen e ngushtë. Ata njerëz fillimisht do të testohen, deri më tani vetëm kemi rezultuar pozitivë me koronavirus” , shkruan mes tjerash Zekiri.
Зекири: За Бајрам отидовме до кај брат ми за после три месеци да ја види малата
-Не сум бил на ниедна ифтарска вечера. Јас сум тој што повикуваше да се казнуваат тие што одат на такви собири. Ние само за Бајрам отидовме до кај брат ми за да ја види малата првпат после три месеци! Не сум мрднал од дома освен за неодложни обврски. Брат ми со семејството ќе се тестираат допрва – ни рече Зекири.
Зекири: Сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството
Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири во објава на неговиот профил на Фејсбук вели дека за целото времетраење на полицискиот час, ниту имал дозвола за движење, ниту кога било прекршил некоја од мерките за забрана за движење.
– Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конференција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека: За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого. Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот, пишува Зекири.
Тој посочува дека самиот си ја соопштил веста за заразувањето, а и дека завршила целата анкета со епидемиолозите.
– Со оглед на тоа што има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност, апелира Зекири.
Претходно, лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека Зекири се заразил на ифтарска вечера кај брат му./МИА