Во текот на ноември годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на поширокото тетовско подрачје вкупно откриле и законски санкционирале 1.036 сообраќајни прекршоци.
Поради констатирани пропусти, односно прекршоци, согласно Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од сообраќај биле исклучени 108 возила, од кои 95 поради истечена регистрација до и над 30 дена, осум технички неисправни и пет поради претовар.
– Минатиот месец, исто така, од сообраќај биле исклучени и 209 возачи, најмногу поради непоседување на возачки дозволи-136, 52 возачи почетници кои не се придржувале на законски предвидените ограничувања, 11 кои управувале под дејство на алкохол, седум со важечка забрана и три со несоодветна категорија, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
За откриените сообраќајни прекршоци во ноември биле издадени 272 мандатни и 418 прекршочни платни налози, додека времено биле одземени 47 возачки и 49 сообраќајни дозволи. Поради непрописно, односно погрешно паркирање вкупно биле санкционирани 192 возачи.