Pas orës 23:00 ka sh p ë r th y e r një zjarr në Qendrën Tregtare “Global” në Strumicë. Zjarri i madh ka kapluar tre dyqane në katin përdhes ndërkohë që është përhapur edhe në katin e parë, ndërkohë që zjarrfikësit kanë bërë përpjekje të mëdha derisa e kanë vënë nën kontrolle dhe nuk kanë lejuar që të përfshij edhe dyqanet tjera të kësaj qendre tregtare.
Sipas dëshmitarëve okularë, zjarri ka shpërthyer në ora 23:00 dhe menjëherë është përhapur.
Tani për tani nuk dihen shkaqet e zjarrit nga i cili është shkaktuar dëm i madh material. Në vendngjarje janë forca të shumta policore, ndihmës së shpejtë si dhe ekipet e zjarrfikësve.
ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „ГЛОБАЛ“ ВО СТРУМИЦА
Вчера по 23 часот избувна голем пожар во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Големиот пожар зафати четири продавници на приземјето и се прошири кон првиот кат, а пожарникарите со големи напори успееја да го стават под контрола и засега не дозволуваат да се прошири на другите продавници.
Според очевидци, пожарот избувнал по 23 часот и веднаш се проширил. На местото на пожарот има голем број граѓани, а повеќе полициски возила го обезбедуваат просторот околу ТЦ „Глобал“, како и возила на првата помош.
Во моментов, пожарот се прошири на тезгите во пазарот, во приземјето, односно во внатрешниот дел од трговскиот центар, каде се сместени поголем број на тезги.
Пожарот кој претходно ги зафати неколкуте дуќани од надворешната страна е локализиран. Засега нема повредени, а само на еден граѓанин побарал помош од медицинските екипи, најверојатно од претрпен шок од пожарот.
Гаснењето на пожарот продолжува во внатрешноста на ТЦ „Глобал“. Пожарникарите со големи напори успееја да го стават под контрола и засега не дозволија да се прошири на другите продавници.
Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета. На лице мсто е и градоначаникот Коста Јаневски кој за локалната телевизија Вис изјави дека е добро што нема човечки жртви.
ПОЖАРОТ ВО ТЦ „ГЛОБАЛ“ Е ЛОКАЛИЗИРАН ОДНАДВОР – ВНАТРЕ ЕКИПИ СЕ УШТЕ ГО ГАСАТ
Големиот пожар што доцна вчера избувна во ТЦ „Глобал“ е локализиран однадвор. Внатре екипи на противпожарната служба се уште се обидуваат да се справат со оганот и да не дозволат да се прошири. Зафатени се тезгите со чевли, а екипите остануваат на терен додека пожарот не се стави под целосна контрола.
најмалку десетина тргновски дуќани беа зафатени од пожарот, но не се знае ниту како и каде избувнал. Пламентите јазици за кратко време се префрлиле на вториот кат, а оние на првите се целосно уништени. На противпожарните екипи им се приклучија и пожжарникари од соседните градови. Полицијата го обезбедува местото и на граѓаните им се советува да се драт понатастрана од зградата. Пожарникарите ги скршија стаклата на првиот кат во обид да дојдат до местата кои се најзафатени и да го локализираат. Ѕидните прегради им претставуваат најголем проблем на пожарникарите.
На местото на пожарот дојдоа некои од сопствениците на дуќаните, а повеќе полициски возила го обезбедуваат просторот. Според последните информации, опожарени се десетина дуќани, сообраќајот на главната крстосница целосно е во прекин.