Вчера (19 ноември) во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, во содејство со инспектори од сообраќај при општините Тетово и Гостивар, извршиле акциска контрола во врска со зајакнати мерки и активности кон возачите кои во јавен сообраќај вршат јавен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Притоа, на улица „Илинденска” во Тетово било сопрено патничко возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(58) од с.Голема Речица, во 12.15 часот било сопрено патничко возило „ауди а4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(55) од с.Камењане и во 12.45 часот било сопрено патничко возило „киа пиканто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(58) од с. Доброште. Додека, во Гостивар во 11.45 часот на улица „Живко Брајковски“ било сопрено патничко возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(51) од Гостивар, во 11.55 часот на истата улица било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(58) од Гостивар, на улица „Илинденска“ во 12.30 часот било сопрено патничко возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(60) од Добридол, во 13.10 часот на улица „ЈНА“ било сопрено патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од А.Р.(56) од Речане, гостиварско и во 13.40 часот на улица „ЈНА“ било затекнато патничко возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од С.Џ.(71) од Речане, гостиварско.“, стои во соопштението од СВР Тетово.
Кај сите нив е констатирано дека вршат јавен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, извести полицијата.