Ministria e Shëndetësisë njofton se nga gjithsej 830 tampone të realizuara brenda 24 orëve të fundit, 75 kanë rezultuar pozitivë me Covid-19. Në Shkup janë regjistruar 32 raste të reja, 4 në Kumanovë, 5 në Shtip, 7 në Tetovë, 8 në Kavadar, 8 në Gostivar, 1 në Strumicë, 1 në Koçani, 2 në Probishtip, 2 në Makedonski Brod, 1 në Vinicë, 1 në Shën Nikollë, 2 në Kërçovë, 1 në Negotinë.
Instituti i Shëndetit Publik brenda 24 orëve ka regjistruar 136 pacientë të shëruar nga Covid-19.
Brenda 24 orëve si pasojë e komplikimeve nga Covid-19, jetë kanë ndërruar 5 pacientë me Covid-19. Viktimat janë nga Shkupi, Kumanova, Gostivari, Ohri, mes moshës 52 dhe 82 vjeçe.
Numri i përgjithshëm i personave të diagnostikuar me Covid-19 në vendin tonë shkon në 11202, prej të cilëve 7108 janë shëruar kurse 505 pacientë kanë humbur betejën me koronavirusin e ri. Numri i rasteve aktive me koronavirus në vendin tonë për momentin është 3589.
Ковид биланс: Пет починати пациенти, 75 нови и 136 оздравени
Пет починати пациенти, 75 нови и 136 оздравени е ковид билансот во земјава за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие се направени 830 тестирања со позитивни резултати кај 32 во Скопје, по осум во Кавадарци и во Гостивар, седум во Тетово, пет во Штип, четири во Куманово, по две во Пробиштип, во Македонски Брод и во Кичево и по едно лице во Струмица, во Кочани, во Виница, во Свети Николе и Неготино.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 136 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 50, од Куманово – 16, од Прилеп – 2, од Тетово – 5, од Струга – 28, од Охрид – 18, од Гостивар – 2, од Крушево – 1, од Кочани – 1, од Македонски Брод – 1, од Кратово – 1, од Свети Николе – 10 и од Кичево – 1.
Починаа пет пациенти – двајца од Куманово на возраст од 55 години, односно 82 години и по еден од Скопје на возраст од 52 години, од Гостивар на возраст од 62 години и од Охрид на возраст од 64 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.202, бројката на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.589. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 4.946, активни 1.342
Куманово – 1.094, активни 255
Дебар – 206, активни 117
Штип – 876, активни 434
Прилеп – 333, активни 51
Тетово – 1.064, активни 222
Струга – 458, активни 176
Велес – 225, активни 21
Битола – 143, активни 63
Охрид – 275, активни 68
Кавадарци – 81, активни 61
Гостивар – 495, активни 287
Гевгелија – 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
Струмица – 38, активни 22
Крива Паланка – 25, активни 11
Радовиш – 29, активни 16
Крушево – 16, активни 8
Кочани – 106, активни 24
Пробиштип – 57, активни 22
Демир Хисар – 34, активни 27
Македонски Брод – 37, активни 31
Пехчево – 6, активни 0
Берово – 8, активни 4
Валандово – 6, активни 0
Виница – 23, активни 19
Делчево – 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово – 14, активни 7
Свети Николе – 228, активни 142
Кичево – 177, активни 109
Ресен – 146, активни 26
Неготино – 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 830 теста се преку ИЈЗ – 466, преку ЦЈЗ Скопје – 12, преку „Авицена“ – 56, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 169, преку „Систина“ со PCR метода – 115, преку Инфективна клиника – 7 и преку ГАК – 5. Досега во земјата се направени вкупно 106.877 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени осум нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 92 од кои 45 добиваат кислородна поддршка се 45 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, три деца позитивни, како и шест пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 септември“ се примени пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 89 пациенти од кои тројца се поставени на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип – 45. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 113 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 167
Аеродром – 152
Бутел – 87
Гази Баба – 133
Центар – 110
Карпош – 112
Сарај – 62
Кисела Вода – 153
Ѓорче Петров – 93
Студеничани – 47
Шуто Оризари – 112
Арачиново – 26
Илинден – 23
Петровец – 16
Чучер Сандево – 8
Сопиште – 21
Зелениково – 7
Странец – 5
Нераспределен – 8