Tentim për vrasje të një prokurori publik nga Prokuroria Themelore Publike – Gostivar është kryer mëngjesin e sotëm në orën 5:30 në fshatin Çegran. Prokurori publik ka qenë i sulmuar me thikë, me ç’rast i është shkaktuar plagë në shpinë, njofton Portalb.
Siç informojnë nga Prokuroria Publike e Republikës së Maqedonisë së Veriut, prokurori publik është jashtë rrezikut për jetë dhe është nën kujdes mjekësor në Klinikën e Shkupit.
Prokuroria po ndërmerr aktivitete për zbardhje të rastit.
Утрово извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Гостивар поради кавга околу недоразбирање во сообраќај.
Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство утрово во 5.30 часот во село Чегране, гостиварско, обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека од полициски службеници од Полициското одделение Чегране лишени од слобода се Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од село Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од село.Церово, тетовско.
МВР со детали за нападот на јавниот обвинител: Уапсени двајца мажи и еден малолетник
МВР со детали за обидот за убиство на јавен обвинител во гостиварско Чегране.
– На 21.11.2021 во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.(39) од с.Форино, гостиварско. Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош, соопштуваат од МВР.
Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар.