Këshilli penal i Gjykatës Themelore Penale sonte ka sjell vendim që Sasho Mijallkovit t’i shqiptohen edhe 30 ditë paraburgim, për rastin e njohur në publik “Parcelat në Vodno”.
Këshilli e ka pranuar propozimin e prokurorit publik të Prokurorisë Publike Themelore për ndjekjen e krimit të organizuar dhe korrupsionit, i cili pasdite parashtroi propozim, pasi paraprakisht Gjykata e Apelit në Shkup e pranoi ankesën e Mijallkovit dhe garancinë mbi 11 milionë eurosh, pas çfarë solli vendim që t’i shqiptohet masë e kujdesit, transmeton TV21.
Në kumtesën e Gjykatës penale thuhet se Këshilli konsideron se janë plotësuar kushtet e nenit 165, përkatësisht se ekziston rreziku nga arratia.
Мијалков добива 30 дневен притвор за „Плацеви на Водно“
Нови 30 дена притвор, овој пат за случајот „Плацеви на Водно“ доби поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, откако Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор.
Од Судот соопштија дека по добивањето на предметот, одржале седница на Советот и донеле решение со кое го прифаќаат предлогот на јавниот обвинител и на обвинетиот му определуваат мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.
Од Основниот кривичен суд додаваат дека Советот смета оти се исполнети условите од член 165 став 1 точка 1, односно дека постои опасност од бегство, а решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.
Основното јавно обвинителство попладнево поднесе Предлог за определување на мерка притвор за Сашо Мијалков, по обвинение за „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Плацовите на Водно“.
Апелацискиот суд во Скопје денеска ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра со што на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, мерката притвор му беше преиначена во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во суд.
Гаранцијата од над 11 милиони евра се состои и во недвижен и во подвижен имот, а Мијалков треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.
Оваа мерка притвор на Мијалков му беше изречена во врска со предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на осум години затвор. Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацови на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“. Во „Тортура“, пак, доби ослободителна пресуда.
Сашо Мијалков се наоѓа во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор./dw