Ballina International Македонски (Видео) Шетале за време на изолацијата, давале лажни адреси, се дружеле-можни се...

(Видео) Шетале за време на изолацијата, давале лажни адреси, се дружеле-можни се карантински мерки

Не ги почитувале мерките за заштита, шетале за време на самоизолација, давале лажни податоци, лажни адреси на живеење, се со цел да не им стигнат решенија за изолација. Масовните дружења, седенки, ифтарски вечери, непочитување на дистанца и не несоње на маски, се ова причината за зголемениот број на случаи со Ковид-19, како и новите кластери. Најзагрозени се општините Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром каде што има поголема концентрација на нови заразени од периодот на строгите рестриктивни мерки. Заразени се цели семејства и тоа во период кога имало строги мерки за заштита. Зголемен е бројот на старите кластери, но има и нови. Доколку трендот на пораст продолжи и во текот на викендот, се размислува да се воведе карантин во овие општини, информира министерот за здравство Венко Филипче.

„Епидемиолозите имаат серизозен проблем со луѓето, многу од нив даваат лажни податоци, кажуваат лажни адреси на живеење. Ние будно ќе ја следиме состојбата за време на викендот и почетокот на наредната недела, се уште мислиме дека е ова варијација. Доколку продолжи, ќе предложиме карантински мерки за кои ќе одлучуваме потоа, во текот на наредната недела. Карнтинските мерки на овие четири општини би биле на принципот на Дебар, да се ограничи движењето надвор од општината и ограничување на движењето внатре во општината“, изјави министерот Филипче.

Дури и семејства на починати пациенти не давале податоци и не соработувале со епидемиолозите, па така се случувало да го погребат пациентот со сите верски ритуали, додека не е стигнат резулатот од брисот, постмортем.

„Многу е тешко да се пристапи и до семејството кое што апсолутно одбило да контактира и комуникација со епидемиолозите, како за организацијата на чинот на погребот од кои им било кажано дека починатиот е позитивен, така и во однос на давањето на податоци за тие контакти и присутни на самиот чин на погребот. Ова е сериозен проблем за епидемиолозите. Во насока на тоа, секаде каде што епидемиолозите и Државниот санитарен и здравствен инспекторат има потреба го известува Министерството за внатрешни работи“, рече Филипче.

Тој најави засилени контроли , а од МВР побара поголема ажурност и санкционирање на сите што не ги почитуваат мерките. Филипче потенцира дека и покрај олабавувањето на мерките и укинувањето на полицискиот час, мерките за заштита остануваат и како што рече, тие се јасни и не се тешки за да се применуваат. „Огромен број граѓани не се свесни дека вирусот постои за сериозноста на болеста. Занемарување на вирусот нема да ни помогне, туку ја отежнува ситуацијата. Ние успешно го амортизиравме ударот, можеби заради тоа не ја почувствуваа серизноста, но имавме заболени, имаме починати. Жално е што цели семејства не ги почитуваат мерките за самоизолација“ изјави Филипче.

Тој нагласи дека загрижува фактот што не се почитуваат мерките на заштита и направените контроли од ДСЗИ во Тетово и во Штип биле комплетно разочарувачки.

„Во Тетово не се почитува самоизолацијата, не се носат маски, не се држи дистанца. Во Штип не се почитуваат правилата за транспорт во фабриките за конфекција, во тој превоз се испомешани од повеќе фирми. Еден погон од конфекциска фабрика е затворен . Таму има 17 заболени, а 70 луѓе со кои биле во контакти’, нагласи министерот Филипче.

Тој рече дека во последните две недели процентот на заразени е 5,5, а во него е вкалкулиран и скринингот од моментот кога почна да се прави во градинките. Исполнетоста на капацитетот на болниците е 11 проценти и за нив рече дека тие се во добра кондиција. Бројот на оздравени здравствени работници е висок, над 92 проценти.

Инциденцата во последните 14 дена е 10,3 проценти т.е. три пати помала од пикот во април. Министерот рече дека има 15 градови во кои биле регистрирани болни, а повеќе немаат заразени. Во шест градови има до пет активни случаи. Во однос на продолжување на вонредната состојба, Филипче рече дека, тие од Комисијата за заразни болести се за продолжување, но дека тоа зависи и од други фактори.

Според Филипче, Владата при носењето на одлуките за верските заедници и изборите исклучиво се водела по препораките на Комисијата за заразни болести и тука немало никаков компромис.

„Владата исклучиво се водеше по препораките на Комисијата за заразни болести и тука немаше никаков компромис. Впрочем и за сите други објекти, вклучително и за верските важеа и тогаш препораките коишто сега важат. Требаше да има само поголема контрола и да се спроведе тоа што и сега е на сила, а тоа е да нема групни собири и таму каде што има некаков собир, а знаете дека сега тоа е забрането, ако се најдат повеќе луѓе да се носат маските што не се случуваше. И тука го гледаме проблемот. И токму од таквите настани сега се случува да имаме нови и нови пациенти. Значи, истите тие мерки за коишто имаше медицинска оправданост и се уште има, важат и сега, важеа и тогаш, донесени се и препорачани до Владата, Владата ги прифати и ги имплементираше“, рече Филипче.

Во однос на скринигингот досега се откриени 5 позитивни случаи, од кои 4 во градин ки во Скоје и Битола и еден случај во Геријатриска установа. Тој посочи дека нема тактизирање со скринингот на градинките околу вклучување во целосната бројка за да се намали процентот на новооткирени заболени Во однос на работата на угостителските објекти, министерот Филипче потенцира дека протоколите се јасни и дека не се размислува за намалување или промена на работното време. Укажа на тоа дека треба да има сосема мал број на гости и да се запазат принципите на овие препораки. Протоколи се изработени и за базените, но индната недела ќе се удлучува кога и како ќе се пуштаат со работа базените и фитнес центрите.

Филипче изјави дека утринава и Бугарија соопштила дека ги отвора границите за земјите од ЕУ, како и за Србија и Македонија,но нагласи дека за тој момент сега не се одлучува, туку од понеделник натаму. На прашање на НОВА дали е можно некоја од соседните држави да забрани влез за наши граѓани доколку бројот на заболени се зголемува и понатаму, Филипче рече дека тоа е национална политика на секоја земја и додаде дека отворањето на границите ќе има регионален пристап./novatv.mk