Një qytetar fatlum i Ohrit ka fituar këtyre ditëve 7 milionë euro në bastoren sportive “Sport Life” në Ohër, por ai po përballet me probleme sepse nuk duan t’ia paguajnë paratë, shkruan portali lokal “Ohridsky”.
Nga bastorja “Sport Life” nuk duan t’ia japin të gjitha paratë sepse sipas tyre ka ndodhur një gabim në sistemin e aparatit për baste, përcjell INA.
Siç shkruan portali lokal, atij i janë ofruar 2 milionë denarë për të mos i ngritur padi, por qytetari që ka fituar bastin ka theksuar se nuk do të heq dorë nga shuma e përgjithshme që ka fituar. Ai ka angazhuar një ekip avokatësh për të kërkuar paratë e fituara, gjegjësisht 429.495.929,60 denarë apo mbi 7 milionë euro.
Nëse nuk do të ketë ndonjë zgjidhje, Ohridsky shkruan se rasti do të përfundojë në gjyq.
Играч во СПОРТ-ЛАИФ во Охрид добил добивка од 7 милиони евра,за исплата му нудат 30.000 евра?!
Нови главоболки за приредувачот на игри на среќа Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје, од како играч во „СЛ-Клуб“ во Охрид, лоциран во комплекс „Летница“, добил неверојатна добивка на апарати од фантастични 429.495.929,60 или нешто над 7 милиони евра.
Среќниот охриѓанец кој ја добил добивката во СЛ-Клуб на Спорт-Лаиф Трејд ДОО, не ги добил добиените пари од апаратот, со образложение од приредувачот на игрите на среќа Спорт-Лаиф Трејд ДОО, дека наводно се работело за системска грешка во апаратот, кој е сопственост на Спорт-Лаиф Трејд ДОО ?!
Од Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје не го исплаќаат играчот, ама му нудат 2.000,000.оо денари да не тужи?!
Неколку дена веќе траат надмудрувањата на приредувачот на игри на среќа Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје со „среќниот“ добитник на милионската добивка. Од Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје одбиваат да ја исплатат добивката од една страна, оправдувајќи се со некаква си системска грешка, но од друга страна влегуваат во пазарење со играчот и му понудиле износ од 2.000.000,оо денари за добивката која ја добил на апаратот од 429.495.929,60 денари?!
Она што го дознаваме, е тоа дека играчот не ја прифатил ваквата понуда на Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје, а воедно и ангажирал свои правни застапници, кој доколку не најдат решение за исплата на добивката, целиот случај ќе се префрли на Суд!
Она што дава друга димензија на целиот милионски настан, претставува фактот, што сите апарати согласно закон за приредување на игри на среќа, мора да бидат пломбирани од страна на УЈП. Друг факт е оној што на спорната според Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје автомат, не е напишана максималната добивка која може да ја исплати еден апарат и секако најбитниот факт е оној, доколку приредувачот на игри на среќа, во дадениот случај Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје не извршил обезбедување на истата машина, но и се поставува прашање, дали Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје ја има пријавено спорната добивка во УЈП на РСМ?
Познавачите на игрите на среќа, како и дел од организатори на игри на среќа кој ги контактиравме, потврдуваат дека станува пропуст на Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје и дека до колку има правна разрешница Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје, можно е да го изгуби целиот судски процес и добивката да биде исплатена на играчот присилно по судски пат. Она што додатно го дознаваме, а што треба надлежните институции да го проверат, претставува фактот дека 1 машина за игри на среќа на пазар има цена од 20.000 евра, но дека голем дел на машини имаат заменски матични плочи со потекло од Р.Србија, па така наместо да платат по 20.000 евра по машина, голем дел на клубовите ги плаќаат плагијаторски по 4000 евра и од тука започнувале вакви и слични проблеми.
Исто така сите познавачи на приредувачи на игри на среќа, го советуваат среќниот добитник да не потпишува било каков понуден документ од страна на Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје, туку да си ја бара маскималната добивка која ја освоил, додека тврдењата дека максимална добивка по тикет била до 2 милиони денари, не држи, со оглед на фактот дека апаратот-машината може да издава тикети колку што е целосната добивка.
Редакцита Охридскај го истражува целиот случај, за што во продолжение ќе известуваме за сите немили случаеви кога од страна на приредувачот на игри на среќа Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје се манипулираат играчите.
ПРОДОЛЖУВА
ОХРИДСКАЈ