Një skenar hollivudian për arratisjen e një të burgosuri në Shkup.
Nga Burgu i Idrizovës, një i dënuar me 40 vjet heqje lirie, është arratisur gjatë dërgimit të tij për në spital. I dënuari për vrasje, 6 vjet më parë, siç mëson ALSAT është nga Tetova, i identifikuar si Bekim Memeti.
Sipas të dhënave, i dënuari i arratisur ka kërkuar të dërgohet në spital, dhe drejtuesit e burgut ia kanë mundësuar një gjë të tillë, por gjatë rrugës, ai ka rrëmbyer pistoletën dhe ka plagosur njërin prej shoqëruesve, konkretisht shoferin e ambulancës, duke i mundësuar vetes arratisjen.
Ende mbetet e paqartë dinamika dhe rrjeti që e ka ndihmuar Memetin në arratisje, ndihmesa e mundshme që i është dhënë nga persona të tjerë nga jashtë, ndërkohë që hetimet do të shtrihen tashmë edhe në dy pista. Për profile të tilla si Mehmedi, burgu i Idrizovës ka kërkuar gjithnjë ndihmë dhe shoqërim nga njësitë speciale, kjo bëhet thuajse për cilindo të dënuar me mbi 10 vjet burg, por për Memedin burgu nuk ka kërkuar ndihmë.
Përveç hetimit të brendshëm nga drejtoria e burgjeve, hetim pritet të ngrejë për përgjegjësi edhe Ministria e Brendshme. Sipas informacioneve të Alsat, burgu nuk ka pasur dërguar kërkesë pranë MPB-së për ndihmë shoqërimi të të dënuarit, duke ngritur edhe dyshimet për inskenim dhe prapavijë të rastit
Drejtoria për Ekzekutimin e Sanksioneve e RMV-së, ka publikuar një status në faqen e saj zyrtare në Facebook ku ka informuar se ditën e djeshme, personi me inicialet B.M, 36 vjeç nga Tetova, i dënuar me 21 vjet burg, duke u transportuar në Kompleksin e Klinikave të Shkupit, ka arritur të plagos një pjesëtar të policisë dhe ia ka mbathur në drejtim të panjohur, transmeton tetova.com
Më datë 12 janar 2023, rreth orës 23 e 20 minuta, gjatë zhvendosjes së personit të dënuar me inicialet B.M.(36 vjeç) nga Burgu i Idrizovës në Qendrën Emergjente “Nënë Tereza” për shkak të dëmtimit të dorës së djathtë, në magjistralen për në Shkup në pikën e karburantit Lukoil, automjeti zyrtar është penguar nga një makinë e tipit “Audi” ngjyrë gri pa targa që i ka zënë rrugën, transmeton tetova.com
Në atë çast, i dënuari i ka marrë pistoletën e shërbimit nga këllëfi i policit të burgut me inicialet I.H, i cili drejtonte furgonin, ka qëlluar në drejtim të tij dhe e ka plagosur në pjesën e poshtme të barkut.Për shkak të plagosjes, drejtuesi ka ndaluar automjetin, ndërsa i personi i dënuar ka ikur me makinën “Audi”, që i preu rrugën furgonit të policisë.
Punonjësit e uniformave blu të burgut rastin e kanë denoncuar menjëherë në SPB të Shkupit. Polici i plagosur është dërguar në spital për trajtim të mëtutjeshëm dhe pjesëmarrësit në ngjarje janë marrë në pyetje nga organet e policisë. MPB ka dhënë urdhër për lëshimin e një fletarresti qendror. Administrata për Ekzekutim të Sanksioneve do të kryej mbikëqyrje të jashtëzakonshme në Burgun e Idrizovës dhe do të ndërmarrë masat përkatëse për të gjitha parregullsitë në mënyrë që të konstatohet se përse nuk është ofruar ndihma policore për përcjelljen në spital të të burgosurit. Gjithashtu do të përcaktohet nëse ka përgjegjësi për organizimin epërcjelljes dhe për lëshimet që çuan në një zhvillim të tillë të ngjarjes.
I burgosuri B.M. nga Tetova është dënuar me gjithsej 21 vjet burg, 19 për vrasje dhe 2 për prodhim dhe shpërndarje të paautorizuar të narkotikëve, substancave psikotrope dhe prekursorëve. Ai vuan dënimin nga data 28.12.2020 dhe i skadon më 17.04.2040.
Statusi:
На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар ,,Мајка Тереза “поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка ,, ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот.Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило ,,ауди”.Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје.
Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР. Издадена е наредба за распишување на централна потерница. Управата за извршување на санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница.
Воедно ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан.
Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор , од кои 19 за убиство и 2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година а истекува на 17.04.2040 година.
Повредниот полицаец закрепнува на „КАРИЛ“, а Беким Мемети, како и помагачите се во бегство
Мемети требало до 2040 година да биде во затвор за убиство и поседување дрога.
Ранетиот полицаец од затворот Идризово првично бил примен во старата градска болница, каде според информациите на Канал 5 ТВ било констатирано дека има прострелна рана во долниот дел на стомакот, а заради дополнителни испитувања бил пренесен на КАРИЛ во државната клиника. Засега од таму одбиваат да дадат информација за неговата здравствена состојба.
Во меѓувреме, полицијата распиша потерница за затвореникот Беким Мемети, 36-годишник од Тетово, а трага и по засега непонзатите кои биле во сивото ауди со кое прво му го попречило патот на затворското комбе а потоа и го евакуирале бегалецот..
Мемети требало до 2040 година да биде во затвор за убиство и поседување дрога. Во септември 2016-та година во вооружена пресметка во Мала Речица убил едно лице, но веднаш избегал во Германија. Првично Мемети бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година отаккао бил уапсен во Берлин и екстрадиран во земјава, му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на 19 години затвор.
-Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор , од кои 19 за убиство и 2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година а истекува на 17.04.2040 година. – соопштија од МП.
Сепак според непотврдени информации ова не му е прво бегство на Мемети. Во 2008та бил уапсен за разбојништво и осуден на двегодишна затворска казна од тетовскиот суд. Но по само неколку дена успеал да избега. Оттогаш му се губи секаква трага се до убиството во Мала Речица и екстрадицијата во земјава.. Кога ќе стане повторно достапен за органите на прогонот, ќе одговора и за обид за убиство на службено лице.
Како на филм: Осуденикот Беким Мемети пукал во затворски полицаец и побегнал
Холивудско сценарио со бегство на затвореник во Скопје.
36-годишен осуденик Беким Мемети половина час пред полноќ од затворот Идризово поради повреда на раката, за која има сомнежи дека самиот намерно ја направил, со придружба на четворица затворски полицајци, тргнал кон Ургентниот центар во Скопје….
Само што излегле на автопатот, во близина на бензинската на Лукоил, патот им бил попречен од сиво ауди без регистарски таблички… Тогаш, Мемети, некако успеал да го одземе пиштолот од затворскиот полицаец што го возел комбето, го застрелал во долниот дел од стомакот, па излегол од комбето и избегал со аудито..
-Од затворот Идризово за да пристигнеме до билизина на бензинската на нам ни беа потребни 4 минути. Толку време очигледно вчеравечер траел и спроводот на осуденикот од затворот Идризово до тука, каде се случило драматичното бегество, веднаш по приклучувањето на затворското комбе на автопатот. Засега е нејасно зошто затворската полиција во време кога нема гужва низ центарот на Скопје се одлучила спроводот да го врши токму преку автопат.
Ова е само едно од прашањата на кои, одговор ќе треба да даде вонредниот надзор во затворот што го најави Управата за извешување на санкции..За нив најсимптоматично е што спроводот бил направен без полициска асистенција, што е пракса во вакви случаи..
„Воедно, ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан“, соопштија од Управа за извршување на санкциите.
Надзорот во затвророт е едно од барањата во истрагата што за случајот ја отвори скопското Обвинителство. Издадени се наредби да се обезбедат снимки од видеонадзорот во „Идризово“, како и листинзи од мобилните телефони на службените лица… соопштија од ОЈО Скопје, кое се сомнева дека затворската полиција евентуално незаконски го ослободила осуденикот.
„Јавниот обвинител веднаш нареди да се обезбедат снимки од видеонадзорот во КПУ „Идризово“ – Скопје, како и листинзи од мобилните телефони на службените лица… “, соопштија од ОЈО Скопје,
Уште од синоќа, во полициска станица задржани се и тројцата од затворските полицајци кои учествувале во спроводот на затвореникот, а се испрашува и сменскиот командир од Идризово.
Осуденикот Мемети, обвинителството сега го бара и за сторено кривично дело – обид за убиство на службено лице.