Ballina Aktualitet Si iku Artan Grubi dhe ku ndodhet? Ku e piu kafenë e...

Si iku Artan Grubi dhe ku ndodhet? Ku e piu kafenë e fundit me Papranikun? Çfarë mesazhesh pranoi gjatë rrugës? Çfarë deklaroi në polici biznesmeni Arsim Papraniku?

Sipas burimeve të TV21, Artan Grubi e ka lutur sipërmarrësin që ta dërgojë për Tiranë, ku duhej të takohej me një grup avokatësh me të cilët do të fillonte procedurë për largimin e tij nga Lista e Zezë.

Udhëtimi është dakorduar dy ditë më parë. Kanë udhëtuar herët në mëngjes, rreth orës 8, pasi kanë blerë gjevrek dhe jogurt në furrën “Bereket”.Në vendkalimin kufitar, ku ka pasur disa vetura, konsulli i ka dorëzuar pasaportat te polici dhe e ka pyetur se pse ka aq shumë kolonë dhe nëse kanë vendim. Polici i është përgjigjur se nuk kanë “persona të mjaftueshëm”. Pasaporta e sipërmarrësit i cili është edhe konsull nderi është mbajtur 10 sekonda, kurse i Grubit vetëm 2 sekonda.

Trau ka qenë i hapur dhe kanë kaluar pa problem. E njëjta ka ndodhur edhe gjatë hyrjes në Kosovë.Rrugën e ka ndjekur nga Prishtina për në Tiranë. Disa kilometra para Prishtinës, Grubi ka filluar të pranojë porosi se kundër tij ka procedurë aktive dhe se kërkohet për prezencën e tij. Sipërmarrësi i ka propozuar që të kthehet, por Grubi ka qenë i pavendosur dhe ka insistuar që të vazhdojnë drejt Tiranës.

Gjatë rrugës, siç tashmë ka publikuar TV21, disa herë kanë ndaluar në pompa të benzinës ku Grubi ka shfrytëzuar tualet.

Në Tiranë, Grubi është lënë në qendrën e qytetit, kurse sipërmarrësi është kthyer në shtëpinë e tij në resort në Durrës. Mëngjesin e ardhshëm, rreth orës 6, sipërmarrësi është kthyer në Shkup.TV21

Paparaniku ja deri ku e ka çuar Grubin dhe ku kanë pirë kafenë e fundit?

Sipas “Fokus“, biznesmeni dhe Konsulli i Nderit i Kosovës në Maqedoninë e Veriut, Arsim Papraniku ka dhënë një deklaratë në polici se më 15 dhjetor ka dërguar me makinë ish-zëvendëskryeministrin Artan Grubi në Tiranë, ku kanë pirë kafe dhe e kanë lënë në një hotel pranë stadiumit, përcjell INA.

Por edhe disa anëtarë të qeverisë dhe disa institucione kanë informacione jozyrtare se Grubi po qëndron pranë detit Adriatik, në afërsi të Durrësit. Më saktësisht, sipas bashkëbiseduesve tanë bëhet fjalë për fshatin turistik Hamallaj buzë bregdetit. Se Grubi gjendet në Shqipëri ka nënvizuar edhe zëvendëskryeministri i parë, Izet Mexhiti.

“Sipas informacioneve ai nuk ndodhet në Kosovë, është në Shqipëri. Por kjo nuk ka rëndësi, duke ikur ai provoi fajin dhe për këtë arsye u arratis jashtë vendit. Mendoj se sot, nesër apo pasnesër ai një ditë do të përballet me drejtësinë”, theksoi Mexhiti. (INA)

Të arratisurit të pakapshëm! A ka Grubi mbrojtje politike nga Shqipëria?

Vizita private” jashtë shtetit, siç pretendoi Grubi, po del të jetë më e gjatë se sa vet ai që e paralajmëroi. Zërat se ai po fshihet në Shqipëri, nuk i mohojnë dhe as nuk e pohojnë nga Policia e Shtetit shqiptar. Sipas Ministrisë së brendshme të Shqipërisë, ai nuk është i evidentuar në asnjë nga vendkalimet kufitare në hyrje të territorit shqiptar, ndonëse në fundjavë thuhet se është parë në një pikë karburanti atje.

Kryeministri Hristijan Mickoski tha se nuk pret që Artan Grubi do të ketë mbrojtje politike nga Shqipëria.
Ai theksoi se ish-zëvendëskryeministri Grubi ndiqet nga prokuroria për dyshimet e bazuara të kryerjes së kriminalitetit financiar dhe korrupsionit dhe gjykata i ka shqiptuar masën e paraburgimit prej 30 ditësh.

“Këtu nuk bëhet fjalë për çështje politike, por ashiqare që ka diçka ndryshe nga politika, përkatësisht ekziston dyshimi i bazuar për kryerje të veprave kriminale. Nuk pres që ajo do të ndodh, por ky është vendim i atyre, të cilët do të hynin në një procedurë të tillë. Nuk kam këtu çfarë të shtoj apo të heq!”, tha kryeministri Hristijan Mickoski.

@tn.lajmelokaleNënkryetari i BDI-së dhe ish-ministër në disa qeveri, Bujar Osmani, tha se nuk ka informacion se ku ndodhet Artan Grubi, për të cilin është lëshuar një fletëarrest ndërkombëtar si i dyshuar në rastin “Lotaria Shtetërore”. Osmani, në një intervistë për “360 Gradë” në MRT 1, deklaroi se nuk e di as nëse Grubi ka shtetësi shqiptare, por theksoi se “veprimet e individëve nuk e përkufizojnë të gjithë partinë”. Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека нема информација каде се наоѓа Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница како осомничен во случајот „Државна лотарија“ и не знае дали Груби има државјанство на Албанија, но рече дека згрешил што побегнал. „Партијата ја дефинираат принципите, ја дефинираат политиките, колективните одлуки коишто таа ги носи во тој дел. Мислам дека не може да се најде нешто спорно во однос на политиките на ДУИ, посебно во однос на антикорупциската политика.♬ original sound – TN – Lajme Lokale

Папранику дал исказ дека го однел Груби до Тирана – дали од таму заминал за Хамалај, Драч?!

Бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, во полиција дал исказ дека на 15-ти декември го одвезол поранешниот вицепремиер Артан Груби до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот, дознава „Фокус“ од полициски извори. Како што претходно објавивме, дел од членовите на владата и одредени институции располагаат со неофицијални информации дека Груби престојува покрај Јадранско море, близу Драч. Поточно, според нашите соговорници, станува збор за местото Хамалај.

Откако „Фокус“ пред 4 дена објави дека поранешниот вицепремиер Артан Груби, еден од осомничените во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч, се огласи актуелниот вицепремиер Изет Меџити, кој во интервју за албанската „Ора њуз“ изјави дека и, според неговите информации, Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.

Каде се кријат осомничените бегалци: Груби престојува близу Драч, Ковачевски заминал за Нов Зеланд?!

Мислам дека тоа е должност на органите на прогонот, тие ќе поднесат меѓународна тужба преку Интерпол. Според информациите не е на Косово, тој е во Албанија. Но, тоа не е важно, со бегството тој ја докажал вината и затоа побегнал од државата. Мислам дека денес, утре или задутре тој еден ден ќе се соочи со правдата – рече Меџити.

Но, само еден ден откако изјави дека Груби е во Албанија, тој даде изјава дека не било работа на политичарите да даваат информации каде се наоѓа поранешниот вицепремиер, кој е осомничен за проневера од 8 милиони евра во Државна лотарија. Според Меџити, полицијата треба да си ја заврши работата.

Пораката е дека никој не е над законот и секој кој што се огрешил треба да одговара, а другото ќе оставиме на МВР и судството – изјави тој, при што на дополнително прашање дали има информации каде е Груби, додаде: „Се зборува, но не е наша работа, туку работата на политичарите е да дадат порака дека борбата против корупцијата е бескомпромисна и никој не е над законот“.

Веќе следниот ден, Меџити и по трет пат јавно одговараше на прашањето каде е Груби? Притоа, тој рече: „Мислам дека Владата го направи своето. Се враќа законската држава. Никој не е над законот. Кога сме кај политиката, прашањето за Груби е затворено. Останува на органите на редот да се занимаваат со ова прашање, но, и со другите случаи“.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски рече дека не сака да шпекулира дали Груби е во Албанија или во Косово. Но, како што нагласи, факт е дека тој не бил чист како солза. Во спротивно, според него, немало да бега од правдата.

Различни се информациите, не би шпекулирал дали е во Албанија или Косово. Факт е дека не бил чист како солза бидејќи ако бил, немало потреба да биде бегалец од правдата – ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност – рече Мицкоски еден ден по изјавата на Меџити дека Груби е во Албанија, по што и самиот Меџити почна да дава поумерени и резервирани изјави.

Според Мицкоски, Груби не е политички бегалец, туку бегалец од правдата. Оттука, премиерот рече дека не очекува поранешниот вицепремиер да добие азил во странство доколку аплицира, бидејќи, како што вели, причините за неговото бегство се строго поврзани со кривични дела.

Лицето се наоѓа на санкциската листа на САД, што дополнително го потврдува тоа. Јавното обвинителство отвори истрага, а судот одреди мерка на притвор од 30 дена. Не гледам причина да се смета дека ќе добие азил, бидејќи не е политички прогонуван. Но, тоа зависи од одлуката на државите каде што би побарал заштита – додаде Мицкоски.

Во однос на ова прашање, слична изјава имаше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој вчера на Телма изјави дека сака да верува оти, како што и самиот Груби порача во последните фејсбук статуси, дека е чист како солза, дека заминал поради приватни обврски и дека штом ги заврши ќе се врати дома кај семејството.

Досега официјална потврда од ниту една соседна држава не е доставена до МВР. Повторно ќе напоменам дека не би си дозволил од позиција на министер за внатрешни работи да шпекулирам во однос на одредени информации кои што кружат во јавноста претходниве денови – рече Тошковски, посочувајќи дека за Груби има меѓународна потерница и дека имаат комуникација и одлична соработка со сите соседни земји.

Во врска со прашањето дека заменик претседател на влада не усвојува информации, туку тие се усвојуваат од сите членови на владата, шефот на полицијата одговори дека ако е така и ако теоријата на МВР и на јавниот обвинител е погрешна, зошто тогаш Груби и ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Барами, се недостапни на органите на прогонот?

Сметам дека оваа кривична пријава, јавниот обвинител во рамки на неговата надлежност и тоа како има простор да ја надополни во рамки на соодветната истражна постапка, и тоа како има можност да се обезбедат дополнителни докази, дел се обезбедени дел ќе се обезбедат се надевам и се надевам дека во рамки на своја надлежност ќе утврди дејствија кои што на крајот ќе овозможат не само оној којшто сторил кривично дело да одговара – порача тој.

Инаку, Груби на 15-ти декември заминува од Македонија кон Косово преку граничниот премин „Блаце“, иако е ставен на „стоп-листа“ по наредба од јавен обвинител. Тој бил во друштво на бизнисменот и почесен конзул на Косово Арсим Папранику. Меѓу другото, Внатрешната контрола при МВР утврдила дека полицискиот службеник ги завел Груби и Папранику дека пешки ја минале границата, не го евидентирал возилото и не почекал системот да јави дали има активна мерка.

Откако се вратил во земјава, Папранику беше повикан во полициска станица на разговор, каде, покрај останатото, рекол дека не знаел дека Груби се бара од страна на институциите. Како што дознава „Фокус“ од полициски извори, Папранику дал исказ дека го однел Груби во Тирана, пиеле кафе и го оставил во хотел во близина на стадионот. Истиот ден, додаваат истите извори, тој се вратил во земјава сам преку граничниот премин „Ќафасан“.

Како што претходно објави „Фокус“, врз основа на информации од владини извори, македонската Влада и надлежните институции располагаат со одредени неофицијални информации дека Груби не се задржал на Косово, туку дека заминал за Албанија, каде моментално престојува. Поточно, според нашите соговорници, тој се наоѓа во место во близина на Драч, покрај Јадранско море.

Всушност, исказот на Папранику даден во полиција потврдува дека Груби влегол во Косово, но не се задржал таму, туку веднаш заминал за Албанија. Во тој контекст, треба да се посочи дека од неодамна има посебен режим според кој косовски и албански државјани непречено се движат низ двете држави на одредени точки, без да минуваат гранична контрола.

Извесен период откако пристигнал во Тирана, според информациите со кои располаат дел од членовите на Владата и одредени институции, Груби заминал во правец кон Драч. Неофицијално, станува збор за локација во месноста Хамалај, каде Груби се сместил во објект, кој формално не е во негова сопственост.

Каде се кријат осомничените бегалци: Груби престојува близу Драч, Ковачевски заминал за Нов Зеланд?!

Исто така, пред неколку дена објавивме дека ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, пред подолг период заминал за Нов Зеланд, каде имал роднини и пријатели. Тој е опфатен со истрагата за спорната набавка на адитив за котлите во РЕК Битола, тешка 6,5 милиони евра. Во оваа истрага, осомничени се 23 лица, но Ковачевски не се терети дека бил дел од организацијата која ја направила сомнителната јавна набавка, туку за несовесно работење.

Влатко СТОЈАНОВСКИ