Ballina International Македонски Отворање нови простории на ДПИ во Тетово

Отворање нови простории на ДПИ во Тетово

Полицијата и инспекторите и синоќа затвориле угостителски објекти кои работеле по 18 часот.

Министерот за внатрешни работи апелираше граѓаните анонимно на посебна бесплатна линија да пријавуваат журки и непочитување на мерките за заштита од вирусот.

Премиерот Заев и првиот човек на пазарната инспекција денеска од Тетово најави засилени контроли за празниците.

Таму е Михаела Димовска.

Што конкретно планираат институциите?

-Ако Владата направи закон што ќе дозволи да казнуваме врз основа на слики и снимки, ние сме тука. Но, нашата надлежност засега е сами да воочиме и затекнеме нарушување на законските прописи. Контролите и за новогодишната ноќ ќе продолжат исто како до сега. Инспекторите се на терен седум дена во неделата, а не како порано што кажуваа 24/7, но има инспектори кои и по 12 или 14 часа се на терен. Толку имаме луѓе, сите се ангажирани. Верувам дека и новогодишните празници најголем дел од нив ќе ги поминат на терен. Затоа упатувам апел до сите што мислат да ги нарушуват протоколите, да се воздржат, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски

Во видеото погледнете го целиот извештај.

@tn.lajmelokale
@tetovanews