Ballina International Македонски СДСМ со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во анкетата на Телма и МЦМС,...

СДСМ со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во анкетата на Телма и МЦМС, најголем процент од граѓаните нема да гласаат за никого

Најголемите македонски партии речиси изедначени во рејтингот кај граѓаните, најголем процент од анкетираните од Телма и МЦМС изјавиле дека нема да излезат на гласање.

18,6 проценти од граѓаните изразиле подготвеност да гласаат за СДСМ, 18,1 за најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, додека цели 21,1 отсто од анкетираните изјавиле дека нема да гласаат за никого. Голем процент од анкетираните, 11,1 проценти одбиваат да гласаат а 6,4 отсто изјавиле дека не знаат дали и за кого ќе гласаат.

Во телефонски спроведената анкета на агенцијата “М проспект”” на репрезентативен примерок од 1 000 испитаници, најголем пораст на поддршката има кај Левица, која бележи поддршка од 6,2 отсто од анкетираните.

Кај партиите на македонските албанци, најголема поддршка анкетираните изразиле за ДУИ – 6,7% ; по што следуваат Алијанса за Албанците со 4,6 % , Беса со 2,,4 отсто, Алтернатива со 0,5 отсто.

Во споредба со досегашните анкети кои ги спроведоа Телма и МЦМС, ова е прв пат поддршката за двете најголеми партии во Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да биде под 20 проценти.

Во однос на личниот рејтинг на лидерите на двете најголеми партии, првиот човек на владата и СДСМ, Зоран Заев ужива поддршка од 39,7% од испитаниците, наспроти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е поддржан од 28,3 % од испитаниците.

Сепак и тука се бележи дека најголем процент од анкетираните немаат доверба во ниту еден од лидерите.

Убедливо мнозинство од испитаниците не веруваат ниту во Заев, ниту во Мицкоски.

59,4 отсто изјавиле дека немаат доверба во Заев, додека дури 70 проценти не веруваат во првиот опозиционер, Мицкоски. За него особено е забележително дека тој има исклучително ниско доверба кај припадниците на албанската заедница, вклучително и кај гласачите на Алијанса и Алтернатива со кои тој се обидува да воспостави некој вид на неформална соработка.

На прашањето какo би ги оцениле 100-те дена работа на Владата: 2,46 е средната оценка што и` ја дале испитаниците во најновата анкета на Телма и МЦМС. На скалата од еден до пет – 11 % дале оцека 5, 14,2 % првите 100 дена ги оцениле со четворка, 20,1 % ја оцениле работата на Владaта со тројкa, 19, 4 отсто со двојка, а 35,3 отсто ја оцениле Владата со – единица. Или просечната оценка за првите 100 дена е 2,46. Истражувањето на Телма и МЦМС е спроведено од М- Проспект во периодот од 16 до 24 декември, преку телефонска анкета, на репрезентативен примерок од 1000 испитаници, со маргина на грешка 3% на ниво на доверба од 95%.

Никола Илиевски

@tn.lajmelokale
@tetovanews