Шест месеци ќе трае истрагата за есреќата во која загинаа 45 патници, а седум лица се повредени откако македонски автобус се запали на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград. Ова го велат бугарските експерти кои од утринава се гости во бугарските медиуми. Тие сметаат дека причините за несреќата ќе се кажат наскоро, но не и кои се виновниците.
Екипата на судска медицина кој треба да биде дел од обдукцијата на загинатите патници, и утринава не им дозволен пристап, бидејќи им било побарано одобрување од баугарскиот државен обвинител, спротивно на протоколите на интерпол. Директорот на институт за судска медицна александар станков, кој отпатува со уште двајца колеги чека одобрување за кое се уште се договара меѓу двајцата државни обвинители.
Најновите детали за истрагата ги пренесува новинарот Миомир Серафиновиќ.