Ka përfunduar takimi mes kryeministrit të Maqedonisë së Veriut, Dimitar Kovaçevski dhe kryetarit të Aleancës për Shqiptarët, Arben Taravari.
Siç bëhet e ditur nga burimet brenda takimit, është arritur ujdia për bashkëqeverisjen me Aleancën për Shqiptarët.
Tashmë janë definuar edhe dikasteret.
Për hollësi, pritet deklaratë e përbashkët.
КОВАЧЕВСКИ И ТАРАВАРИ СЕ ДОГОВОРИЛЕ Алијанса добива бинго, Алтернатива со празни раце, ќе ја даде ли СДСМ и Управата за јавни приходи?
Кренар Лога ќе биде министер за правда, а Фатмир Меџити за здравство. Заменик за одбрана ќе биде Тирон Јајахага, а за земјоделство Вјолца Бериша. Ова ќе биде екипата на Таравари во реконструираната влада на Ковачевски. СДСМ ќе го добие Министерството за животна средина, а се шпекулира дека можеби ќе ја изгуби Управата за јавни приходи.
Премиерот Димитар Ковачевски и Арбен Таравари доцна попладнето во петокот постигнале конечен договор за влез на Алијанса на Албанците во владата. Засега ништо официјално не е соопштено.
Извор од Алијанса брифирал неколку медиуми дека нов министер за информатичко општество би можел да биде Азир Алиу, професор од Штуловиот универзитет во Тетово. До сега овој ресор беше во рацете на Алтернатива на Африм Гаши. Оваа партија до недела треба да одлучи дали ќе ја напушти владата на Ковачевски, бидејќи, според бриферот од Алијанса, предлог за овој ресор од партијата на Таравари побарал премиерот Ковачевски.
Како што веќе се шпекулираше, Кренар Лога ќе биде министер за правда, а неврологот Фатмир Меџити министер за здравство. Заменик за одбрана ќе биде Тирон Јахјага, а за земјоделство Вјолца Бериша. Ова ќе биде екипата на Таравари во реконструираната влада на Ковачевски.
Според дел од медиумите, СДСМ ќе ѝ го отстапи на Алијанса и директорското место во Управата за јавни приходи, но сегашната директорка Сања Лукаревска, која е и заменик претседател на СДСМ избрана на конгрес, би требало да биде министерка за животна средина. Друга, поверојатна опција е на министерската позиција во овој ресор да дојде Каја Шуклева, сегашниот државен секретар. Во таков случај, не е јасно дали ќе се оствари трансферот во УЈП.
Неизвесно е и тоа кога премиерот Димитар Ковачевски ќе соопшти што се договорил со Таравари и со другите коалициски партнери. Некои извори велат дека е можно во следните два дена да се бара решение да се изврши притисок врз Алтернатива да остане во владата. Што ќе му биде понудено на Африм Гаши, ако воопшто нешто му се понуди, засега не се знае.
Ковачевски и Таравари ги договорија кадровските решенија
Се уште е неизвесно дали и кога ќе има собраниска седница за реконструкција на Владата.
Откако Димитар Ковачевски и Арбен Таравари денеска го финализираа договорот за владина соработка, во следниот период треба да се реализира владина реконструкција.Според неофицијални инфомрации СДСМ ќе го преземе Министерството за животна средина од ДУИ за да остане со ист број на министри и покрај заминувањето на Тупанчевски од Правда… На местото на Нуредини како кандидат на СДСМ се споменува Каја Шукова, актуелна државна секретарка во овој ресор..
Освен Нуредини и Тупанчевски, од владата заминува и министерот за здравство Беким Сали, кадар на Алтернатива.. Според информации, нов министер за правда ќе биде Кренар Лога, генерален секретар на Алијанса, а министер за здравство докторот од неврологија Фатмир Меџити..
Партијата на Гаши ќе треба да се откаже од уште од едно министерско место или Алити од информатичко општество и администрација или Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.. Таравари по синоќешната седница на Централното претседателство соопшти договорени се и двајца заменици-министри за Алијанса – за одбрана, на местото на Башким Хасани од ДУИ, и во земјоделство на местото Абдулшуќур Абедини на Алтерантива…
Во меѓувреме од Алтернатива без одлука дали ќе останат во Владата. Централното претседателство на Алтернатива не донесе одлука дали ќе останат во Владата или ќе ја напуштат откако најголем дел од нивните ресори ги превзема Алијанса во договор со Ковачевски.