Ballina Kronika Djegia e autobusit të “Besa Trans”, një vit e tetë muaj burg...

Djegia e autobusit të “Besa Trans”, një vit e tetë muaj burg për pronarin, gjobë prej 800 mijë denarëve për kompaninë

Автобуска несреќа на македонски автобус во Бугарија / Photo: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Në Gjykatën Penale në Shkup sot është shpallur aktgjykimi për rastin “Besa Trans”, i cili ka të bëjë me djegien e autobusit në autostradën “Struma” në Bullgari, ku si pasojë humbën jetën 45 persona, ndërsa 7 të tjerë u lënduan.

Pronari i “Besa Trans” Bekim Haxhiu, u dënua me një vit e tetë muaj burg, ndërsa kompania “Besa Trans” si subjekt juridik është dënuar me gjobë prej 800 mijë denarëve (12.986 euro).
Në fjalët përfundimtare, përfaqësuesi i akuzës, Vlladimir Milloshevski, tha se autobusi i cili është aksidentuar në Bullgari e ka kaluar kufirin me licencë të përgjithshme, në vend që me certifikatë licence të posaçme, ashtu siç parashihet me ligj.
Ndërsa pala mbrojtëse, theksoi se Bekim Haxhiu ka bërë falsifikim të certifikatës së licencës, pasi sipas tyre, për të bërë falsifikim, duhet që të krijohet një dokument i rrejshëm, ose një dokument i vërtetë të korrigjohet dhe më pas të shfrytëzohet si i vërtetë.
Djegia e autobusit “Besa Trans” ndodhi më 23 nëntor të vitit 2021 në orët e para të mëngjesit, kur autobusi i cili po kthehej nga Stambolli me turistë, u përplas në rrethojën e autostradës Struma, në afërsi të fshatit bullgar Bosnek dhe më pas mori flakë. Në mesin e 45 të vdekurve ishin 12 fëmijë, ndërsa 7 mbijetuan.

Пресуда за „Беса транс“: Управителот на фирмата осуден на една година и осум месеци затвор за фалсификување исправа

Во случајот обвинета е фирмата „Беса трас“ како правно лице, а која Основниот кривичен суд Скопје денеска, исто така ја огласи за виновна за кривичното дело фалсификување исправа и ѝ одреди парична казна од 800 000 денари (околу 13 000 евра), како и мерка забрана за добивање на лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата

Инаку, овој случај не се однесува на причините за несреќата, чие утврдување е во надлежност на истражните органи во Бугарија. Ова денеска го посочија и обвинителот Владимир Милошевски во изјава за медиумите и од скопскиот Кривичен суд

Една година и осум месец затвор е казната што денеска Основниот кривичен суд Скопје му ја одреди на управителот на фирмата „Беса транс“, Беким Хаџиу за делото фалсификување исправа за автобусот со кој во ноември 2021 во трагична несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, претежно македонски државјани.

Одф едно од рочиштата од судскиот процес за случајот „Беса транс“ / Фото: Архива

Судијата Ивица Стефановски, кој го водеше предметот во скопскиот Кривичен суд ги огласи за виновни Хаџиу и фирмата „Беса транс“ за кривичното дело фалсификување на исправа. Хаџуи, како што соопшти Судот е осуден за кривичното дело по член 378 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, согласно што му одредена затворска казна од една година и осум месеци.

На правното лице, кое се гонеше по член истиот член од Кривичниот законик, но по став 4, а во врска со ставовите 3 и 1 и членот 45, Судот му одреди парична казна од 800 000 денари (околу 13 000 евра). Воедно на фирмата судијата ѝ изрече и мерка забрана за добивање на лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата.

Судот, како што наведоа оттаму, пресудата ја донел по ценење на сите материјални и вербални докази изведени во текот на постапката.

Судијата Ивица Стефановски рече дека Хаџиу од јануари до ноември 2021 година, во 20 наврати искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска, лажна јавна исправа – извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Инаку, пресудата што денеска ја објави Основниот кривичен суд е првостепена и странките иматаа право на жалба до повисок суд, во случајот Апелацискиот суд Скопје.

Автобуска несреќа на македонски автобус во Бугарија / Photo: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Адвокатот Асмир Алиспахиќ, како бранител на обвинетиот Хаџиу во изјава за медиумите по изрекувањето на пресудата, рече дека со сигурност ќе поднесе жалба на пресудата. Според адвокатот изречената казна во конкретниот случај е превисоко одмерена, а дополнително одбраната смета дека кривичното дело – фалсификување исправа не може да опстои, бидејќи во случајот таква лажна исправа не е изработена, употребена и не постои.

„Ова е исклучиво кривично дело кое што е е во делот на работењето на правното лице „Беса транс“. Ако направиме една компарација во делот на другите изречени судски одлуки или пресуди од ваков вид иако казната е предвидена од една до пет години како казна затвор сметам дека во конкретната ситуација е превисоко одмерена…Во завршните зборови тоа убаво го елаборирав, а тоа е за да се испоилни битието на ова кривично дело „фалсификување исправа“, не само што е потребен материјален доказ, а тоа е вешт наод и мислење, напротив треба да се исполнат и субјективните дејствија коишто наводно ги преземале и правното лице и Беким Хаџиу. Во конкретнава ситуација тоа отсуствува од причина што таа лажна исправа ниту е изработена, ниту е употребена , а ниту постои. Автобусите или возачите коишто ги управувале автобусите меѓу кои и оној за жал веќе не постои, а кое што го потврдија и сведоци и претставниците од Царинската управа и од Министерството за транспорт и врски дека правното лице во целост ги исполнувало и условите за патување во домашни рамки, а и надвор од нашата држава. Оттука се поставува прашањето зошто воопшто се влегува и се поднесува вакво обвинение кога не може да се исполни битието на кривичното дело на она што го потенцираше и судијата, а тоа е за кривично дело фалсификување на исправа…Така што јас сум убеден како правник и како адвокат на Беким Хаџиу е дека оваа пресуда не може да опстане како што е изречена во конкретната ситуација“, изјави Алиспахиќ.

Адвокатот Асмир Алиспахиќ / Фото: Принтскрин

Од друга страна, обвинителот Владимир Милошевски, кој го застапуваше обвинението пред Судот, е задоволен од исходот, бидејќи. Како што рече во изјавата за медиумите, Судот во целот го прифатил обвинението и теоријата за случајот на Основното јавно обвинителство Скопје.

„Она што би можел да го кажам е дека ќе чекаме да биде изготвена писмена одлука на Судот за да можеме да видиме што понатаму би можеле да преземе како Јавно обвиниктелство во овој конкретен кривично правен предмет. Повеќе не би сакал да ја коментирам одлуката на Судот, освен тоа што Судот го прифати во целост обвинението онака како што беше подигнато против обвинетиот и ги огласи за винови обвинетиот и обвинетото правно лице“,рече обвинителот.

Во врска со наводите на одбраната дека не постоела фалсификувана исправа, Милошевски рече дека тоа го кажува и Обвинителството во обвинението, односно дека Министерството за транспрот и врски воопшто не издало извод од лиценца за конкретниот автобус, не било поднесено барање за нејзино издавање, ниту била издадена.

„Тоа значи дека автобусот, како што е и напишано во обвинението, како што и судот денеска при објавувањето на пресудата го кажа, покажувал пред надлежните државни органи извод од лиценца, а за таков автобус воопшто не бил издаден од надлежниот орган…Она што е покажано не е за тој автобус, без разлика дали е од нешто друго, дали е воопшто целосно фалсификувано, не постои. Во правниот сообраќај не постои извод од лиценца за конкретниот автобус. Токму тоа е и основата на подигањето на обвинението и токму тоа е теоријата на случајот којашто Обвинителството ја имаше во моментот на подигање на обвинението“,изјави Милошевски.

Обвинителот на Основното јавно обвинителство Скопје, Владимир Милошевски / Фото: Принтскрин

Прашан за причините за несреќата, која се случи на 23 ноември 2022 година на автопат во Бугарија и во која загинаа 45 лица, обвинителот посочи дека предметот за кој денеска Судот ја објави пресудата се однесува на фалсификување на исправа.

„За причините за несреќата ќе мора да се обратите до Обвинителството кое е надлежно, а тоа е во Република Бугарија“,рече обвинителот.

Дека овој предмет не се однесува на причините за несреќата, преку соопштение, посочија и од Основниот кривичен суд Скопје.

„Согласно поднесениот обвинителен предлог, а и како што Јавниот обвинител и бранителот на обвинетите изјавија во судот, се однесува само на наведеното кривично дело и не е поврзан со автобуската сообраќајна несреќа која во ноември 2021 година се случи во Р.Бугарија“,велат од Судот.

@tn.lajmelokale
@tetovanews