Ballina Aktualitet BRENDA KLINIKËS INFEKTIVE NË SHKUP: PACIENTËT ME KORONA FLASIN PËR PROCESIN E...

BRENDA KLINIKËS INFEKTIVE NË SHKUP: PACIENTËT ME KORONA FLASIN PËR PROCESIN E MJEKIMIT, MJEKËT PËR … (VIDEO)

EKSKLUZIVE: BRENDA KLINIKËS INFEKTIVE NË SHKUP
PACIENTËT ME KORONA FLASIN PËR PROCESIN E MJEKIMIT, E MJEKËT PËR BETEJËN E TYRE
ЕКСКЛУЗИВНО : ПАЦИЕНТИТЕ СО КОВИД19 ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ИНФЕКТИВНА

СЗО : Нема докази дека вирусот ослабнал

Нема докази дека новиот коронавирус ја сменил формата на пренесување или дека тежината на болеста што ја предизвикува е променета, велат денеска експертите од Светската здравствена организација (СЗО).

„Нема промена во однос на преносот, нема промена во однос на моќта“, изјави епидемиологот на СЗО, Марија ван Керхова, на прес-конференцијата.

„Најважно е да се спроведат мерки за намалување и задушување на преносот“, рече таа.

Некои водечки италијански лекари вчера оценија дека вирусот е значително ослабен и дека веќе „клинички не постои“ во таа земја, што предизвика контроверзии и бес од експертите.

“Пред еден месец, можевме да чуеме дека епидемиолозите се плашат од нов бран кон крајот на мај и почетокот на јуни и којзнае колку места во единиците за интензивна нега. Во реалноста, вирусот, клинички кажано, повеќе не постои”, изјави Алберто Зангило за италијанските медиуми, кој е директор на одделот за интензивна нега на универзитетската болница во Милано , Сан Рафаеле.

Новиот коронавирус „би можел да биде различен, моќта што ја имаше вирусот пред два месеци не е иста како и денес“, изјави Матио Басети, директор на Клиниката за инфективни болести во Џенова, за италијанската новинска агенција АНСА. „Очигледно, болеста„ ковид-19“ е различна денес, клиничката слика и текот на болеста се многу поблаги”, истакна Басети.

Претседателот на Националниот совет за здравство Франко Локатели рече дека е збунет од зборовите на Зангило.

„Само погледнете ги бројот на нови случаи секој ден и ќе видите дека вирусот сè уште циркулира во Италија“, рече тој.

„Додека чекаме научни докази да го потврдат ова тврдење, ги повикувам оние што се убедени во тоа да не се забунат Италијанците“, коментира секретарот на Министерството за здравство, Сандра Зампа за тврдењата на Зангрило.

Џузепе Иполито, директор на римскиот престижен Институт за инфективни болести Спаланзани, исто така тврди дека нема докази дека вирусот мутирал или го изгубил ефектот, а тврдењата на Зангрило биле одбиени од научниците на универзитетите во Глазгов, Нотингем и Лондон.

Италија е една од земјите што е најтешко погодена од пандемијата на „ковид-19“. Вкупно, 33,7 илјади луѓе починале од инфекцијата во таа земја, што е трет најголем број на смртни случаи по Соединетите држави и Велика Британија.

@tn.lajmelokale
@tetovanews