Ballina International Mакедонски СТРАТЕШКИОТ ПЛАН НА ВРЕДИ НАРЕЧЕН „ЛАЖНИ ОЧИ“ Еве како албанската опозиција ќе...

СТРАТЕШКИОТ ПЛАН НА ВРЕДИ НАРЕЧЕН „ЛАЖНИ ОЧИ“ Еве како албанската опозиција ќе ја шокира ДУИ на 8 мај

Штабот на ВРЕДИ точно знае каде треба да делува, да направи пресврт на парламентарните избори, дознава Плусинфо.

Вечерта на 24 април, додека Европскиот фронт на чело со ДУИ ширеше триумфализам, провоцираше пред штабот на ВРЕДИ, заради разликата во нивна полза од 37.000 гласови, опозициските лидери прогласија победа со наративот дека тие се единствен легитимен претставник на Албанците.

Тие директно посочија дека разликата е резултат на купување гласови на помали етнички заедници и социјално загрозени македонски семејства.

Она што привлекува внимание е тезата на Изет Меџити во неговата објава на Фејсбук, дека сè се одвива по планот и дека ВРЕДИ влегува во следната фаза од стратегијата за конечна победа на 8 мај.

Со оглед на фактот дека Меџити беше потпретседател на ДУИ и многу добро знае како функционира нивната машинерија, се обидовме да истражиме што предвидува стратешкиот план на ВРЕДИ.

Имено, една недела пред првиот круг на претседателските избори, стратезите во кампањата на Арбен Таравари наводно решиле да сменат тактика. Иако имаат скриени контингенти на гласачи кои изразиле волја да гласаат за Таравари на 24 април, проценката била дека ако ги извадат на виделина во првиот круг, ќе станат плен на ДУИ кои со своите полициски инсталации, со закани по нивните семејства ќе им вршат притисок да гласаат за нив на 8 мај.

Така ја одбрале тактиката на „лажни очи“. Бидејќи со кандидатурата на Османи, ДУИ свесно одработи против можноста со нивна поддршка Таравари да влезе во вториот круг на претседателските избори, решиле да направат „game change“.

За да не ја доведат во прашање победата на парламентарните избори, свесно им пуштиле фора на ДУИ.

Според високи извори во албанската опозиција, со тоа добиваат предност во неколку насоки. Првата, не ги ставиле во ризик своите гласачи и подржувачи кои им се сигурни. Второ, детектирале во кои општествени средини ДУИ изврбувала гласачи со недемократски методи. Трето, ѝ прават на ДУИ лажна внатрешна перцепција дека има предност.

Сега штабот на ВРЕДИ точно знае каде треба да делува, да направи пресврт и да ги шокираат ДУИ и нивните коалициони партнери на 8 мај.

@tn.lajmelokale
@tetovanews