Ballina International Mакедонски Изборна хроника 12.04.2024

Изборна хроника 12.04.2024

Во земја во која има владеење на правото, повторно ќе се врати интересот за татковината, порача вечерва од Гостивар, Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од Коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ. Според неа, кога се работи за важни државнички прашања, претседателот мора да се консултира со Владата и да се советува со Собранието, но и да постапува според програмата која ја гласал народот.

А, кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски од центарот на Скопје на граѓаните им порача да им кажат НЕ на обидите за регрес на државата. Побара масовна политичка мобилизација, за напредна европска Македонија.

Кандидатот за претседател на Македонија, Бујар Османи, денеска со порака дека доколку стане претседател ќе го продолжи процесот кој го започна како министер за надворешни работи – усвојување на резолуција од страна на американскиот Конгрес за потврдување на македонскиот јазик и идентитет.

Претседателскиот кандидат, Арбен Таравари ги претстави приоритетите на неговата претседателска кампања поврзани со науката и изрази надеж дека албанската Академија на науки и уметности ќе биде признаена.

Претседателскиот кандидат, Стевчо Јакимовски, денеска излезе со идеја како да им се помогне на пензионерите од кои 17 проценти се со пензија помала од 13 илјади денари, а 47 отсто живеат со помалку од 17 илјади денари месечно. Свесен е дека пензискиот систем не смее да се допира, но може да се интервенира со социјални политики.

Целата програма и претседателската и онаа што ќе следува за Парламентарните избори е насочена кон решавање на проблемите на граѓаните, истакна кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска која денеска имаше средби со граѓаните во Македонска Каменица и Делчево. Забележа дека овој регион се соочува со иселување на младите, а според неа вест на денот е дека кандидатите за претседател ќе немаат дебата.

Кандидатот Максим Димитриевски, пак, денеска е во обиколка на Демир Капија, Неготино, Росоман и Кавадарци. Пред граѓаните вети, ако му ја дадат довербата ќе иницира законски решенија за директна помош на винопроизводителите.

@tn.lajmelokale
@tetovanews