Ballina International Mакедонски Полицијата трага по напаѓачот што пукаше кон градоначалникот на Арачиново и рани...

Полицијата трага по напаѓачот што пукаше кон градоначалникот на Арачиново и рани две лица

Полицијата се уште трага по пукачот кој вчера попладнето со калашников се обиде да го убие градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими, а ги рани неговиот возач и еден од вработените во општината.

Двајцата повредени се во стабилна состојба, информираа лекарите. Тешко повредениот 21-годишен возач кој на клиниката за торакална и васкуларна хирургија беше донесен со прострелни рани во градите и таму синоќа му била извршена итна операција во која му бил отстранет дел од белодробното крило денеска е со стабилни параметри, изјави за Канал 5 Директорот Неџати Јакупи.

„ По вчерашната опративна интервенција пациентот ноќта ја помина на единицата за интензивна нега во КАРИЛ со поддршка на респиратор, се стабилизираа парамтрите, од сабајлево е во стабилна состојба и задоволителна и очекуваме во текот на денот да биде ослободен од респиратор и да помине на сопствено дишење. Вака како што се согледуваат резултатите од неговата состојба очекуваме да закрепне и многу брзо да го примиме на оддел за понатамошен третман. “-Неџати Јакупи – директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

Вториот ранет, вработен во општина Арачиново кој со приватно возило е однесен во Хируршката болница „Наум Охридски“ во центарот на Скопје со повреда во десното рамо денеска е во добра состојба и деновиве се очекува да биде пуштен дома, информираше директорот Љубен Арсенков.

„ После вчерашната интервенција за отстранување на страното метално парче од куршум во проекција на плуќата на десна коска пацеинтот е во стабилна состојба и во моментот е префрлен на одделот за трауматологија и за ден два би требало да ја напуши клиниката, значи во добра состојба е. “-Љубен Арсенков – Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Истрагата на полицијата и обвинителството се очекува да даде одговор на прашањето што се крие зад нападот над градоначалникот. Во јавноста веќе се шпекулрира за стари нерасчистени сметки за имот , но за Ибраими ова не е прв пат да добива закани по живот. Во мај лани за тоа уапсен беше маж кој во општината се заканувал за недодалување на концесија за користење на земјиште, додека во септември 2022 година Ибраими пријави дека бил физички нападнат од член на семејството на поранешниот градоначалник Ајвази.

Осуда за вчерашниот напад испратија од ЗЕЛС. Преку соопштение наведуваат дека сите градоначалници упатуваат жалење и до семејствата на вработените во општината кои во моментот на грозниот чин биле во придружба на градоначалникот и им посакуваат брзо закрепнување./Kanal5

@tn.lajmelokale
@tetovanews