Ballina International Mакедонски Поделби во Алијанса: Таравари со министрите се врти кон опозиција, Села со...

Поделби во Алијанса: Таравари со министрите се врти кон опозиција, Села со Лога “гледаат” на другата страна

Актуелниот претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари објави дека бара поддршка од Централното собрание за да им се приклучат на опозициските партии на Албанците на претстојните избори.

-Како претседател на Алијансата за Албанците, јавно го поканувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го поздравиме овој процес којшто го сметам за Голема и долгоочекувана промена! Никогаш оваа промена не била побезбедна и попотребна. Никој нема поголем кредибилитет од Алијансата да ја донесе оваа промена! На пат сме, по патот што го трасираше Арбен Џафери, напиша Таравари.

На ова реагираше генералниот секретар на АА и министер за правда Кренар Лога, кој напиша дека партијата веќе одлучила дека на изборите ќе оди самостојно. Му се приклучи претседателот на Централното собрание и поранешен лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој го обвини Таравари дека има шверцерски тенденции и напиша дека тој како поединец не одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

На страната на Таравари застана и министерот за здравство Фатмир Меџити кој го сподели статусот на партискиот лидер.

Внатрешните состојби во Аликансата кулминираат по изгласувањето на техничката влада во која останаа нивните тројца министри.

Прво Таравари заедно со албанската опозиција (Меџити, Касами и Гаши) беше на средба со косовскиот премиер Албин Курти и тврдеше дека станува збор за разговори за тоа тој да биде кандидат Албанец за претседател на државата на претстојните избори. Потоа во СДСМ се сретна и со лидерот на социјал демократите, доскорешниот премиер Димитар Ковачевски.

Имаше обид за решавање на внатрепартиската криза преку средба и разговор меѓу Таравари и Села, но состојбата ескалираше со фејсбук преписки кои го официјализираа расколот во Алијансата./ТЕЛЕВИЗИЈА ТЕЛМА

@tn.lajmelokale
@tetovanews