Ballina International Mакедонски ТАКОВ АВТОБУС НЕ МОЖЕ ТОЛКУ БРЗО ДА ИЗГОРИ, СО ТОЛКУ ЖРТВИ Превозник...

ТАКОВ АВТОБУС НЕ МОЖЕ ТОЛКУ БРЗО ДА ИЗГОРИ, СО ТОЛКУ ЖРТВИ Превозник од Бугарија спори со теориите на самонаречени експерти (ВИДЕО)

Сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, каков што бил автобусот на „Беса транс“, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација.

Себахтин Исмаил, превозник од Бугарија, кој поседува нови автобуси од марката „мерцедес“ на новинарка од бугарски портал ѝ објаснува дека такво возило, какво што е и возилото на „Беса транс“ кое настрада на автопатот „Струма“ во Бугарија, едноставно не може да се запали на таков начин како што објаснуваат некои самонаречени експерти и да изгори за толку кратко време и при тоа да има толкав број жртви.

Исмаил тврди дека сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација.

– Овој автобус нема како да се запали. При инцидент, оваа инсталација го запира автобусот и се отвораат сите сигурносни излези. Автобусот преминува во екстремен режим. Нема начин автобусот да продолжи – категоричен е превозникот.

При тоа, тој ја покажува противпоажрната инсталација во моторот, сигурносните излези внатре во автобусот, камерите и т.н. црна кутија, кои служат за препознавање на ознаките на патот, за електронско следење на автобусот и на сите параметри, како и за собирање податоци кои можат да се прегледаат во вакви ситуации.

– Ова нe e тежок, ова е средно тежок инцидент и нема начин да се случи вакво нешто. Апсурдно е автобусот да изгори за толку кратко време – категоричен е Исмаил.

@tn.lajmelokale
@tetovanews