Ballina Aktualitet Zaev: Viktimat janë të moshës 25-30 vjeçare “të mbijetuarit kanë thyer xhamat...

Zaev: Viktimat janë të moshës 25-30 vjeçare “të mbijetuarit kanë thyer xhamat e autobusit” (VIDEO)

Kryeministri i Maqedonisë së Veriut, Zoran Zaev tani më është në Bullgari për shkak të aksidentit të madh në autostradën Struma.

Në një intervistë për Bullgaria ON AIR, kryeministir tha se do të takohet me shtatë personat të cilët i kanë mbijetuar tragjedisë. Ai ka thënë se ka arritur që të bisedojë me njërin nga personat me telefon që ka qenë në autobusin.

“Më tha se ka dëgjuar shpërthim. Ai dhe gjashtë të tjerë që kanë mbijetuar kanë thyer xhamat e autobusit dhe kanë arritur të ikin dhe të shpëtojnë. Viktimat e tragjedisë janë persona të rinj të moshës 25-30 vjeçare, ka 12 fëmijë. Tragjedia është e madhe”, ka thënë Zaev, transmeton SHENJA.

Në këtë fazë nuk pritet të ketë hetim paralel ka thënë Zaev. /SHENJA/

https://youtu.be/XfXJqRjD6Lc

Изгорени до непрепознатливост: десетици жртви во македонски автобус

Таков ужас досега не сум видел, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Рашков. Точниот број на жртвите ќе се утврди по идентификацијата. Македонскиот премиер Заев отпатува во Бугарија.

Јагленисани тела на над 40 лица кои патувале во македонски автобус, и седум преживеани, е епилогот на страотната сообраќајна незгода по која автобусот рано утрово се запалил на бугарската магистрала „Струма“, во реонот на селото Боснек. Според неофицијални информации загинале 45 или 46 патници од вкупно 52, но точната бројка допрва ќе се утврдува.

Според податоци што македонските власти ги добиле од надлежни институции во Бугарија, автобусот, припаѓал на автобускиот превозник „Беса транс“. Според неофицијални информации, во него имало и македонски и албански државјани.

Според Бгнес, меѓу загинатите имало 12 малолетници, меѓу кои и две близначиња. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 7 лица – 2 жени и 5 мажи, чија здравстена состојба се смета за стабилна и се сместени во болницата „Пирогов“.

Според неофицијални информации, патниците се враќале од Истанбул. Автобусот синоќа по 21 часот влегол во Бугарија преку граничниот премин Капитан Андреево, (на бугарско-турската граница), а сообраќајна незгода се случила утрово околу 3 часот на магистралата „Струма“ во насока Софија – Благоевград.

„Ова е човечка трагедија непозната по нејзините размери”, изјави утрово заменикот главен обвинител, Борислав Сарафов.

Според него телата биле изгорени до непрепознатливост. На местото на трагедијата веднаш отпатувал тим од лекари по судска медицина. Првичните информации се дека меѓу настраданите немало бугарски државјани и се претпоставува дека се македонски државјани. За несреќата има две верзии: грешка на возачот, или ненадеен технички дефект.

Преживеани седум лица

Седумте лица што ја преживеале несреќата, се во стабилна здравствен состојба.

„Во болницата „Пирогов“ се сместени седум лица, со изгореници на лицето и проблеми во горните дишни патишта. Двајца имаат и изгореници на рацете, а другите рани од посекотини“, изјавила проф. Маја Аргирова, началник на Клиниката за изгореници во „Пирогов”.

Седмата жртва имала скршеница на надколеницата и била сместена на одделот за трауматологија. Според медиумите, најмладиот хоспитализиран патник имал 15 години.

„Луѓето се во тешка траума, изгубиле роднини, деца. Скокнале од прозорците на автобусот, па оттука им се повредите“, рекла Аргирова. Тие биле донесени во болница по 3 часот утрово.

По трагедијата на местото на несреќата пристигна премиерот на службената влада, Стефан Јанев, придружуван од повеќе соработници.

„Ова е една трагедија што многу не потресе”, изјави Јанев, кој изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави темелна истрага, со надеж дека ќе се извлечат поуки од овој случај.

„Сликата е ужасна, такво нешто не сум видел. Никој не може да каже колку се на број, ниту кои се, допрва треба да се идентификуваат“, изјави министерот за внатрешни работи”, Бојко Рашков.

Според него, во моментов не се знае точната бројката на патници во автобусот, бидејќи наводно во конвој возеле четири автобуси, застанувале на постојки за одмор на патниците, и се смета дека можеби имало и префрлување на патници од еден во друг автобус.

Тешка делница

Првично се сметало дека во автобусот имало 52 патника.

„На 31-иот километар од магистралата се случи сообраќајна незгода со автобус во кој патувале 52 лица, при што како последица избувнал пожар. Загинаа 45 лица“, изјавил веднаш по несреќата началникот на Противпожарната служба, Николај Николов.

Утрово на терен сѐ уште траат увидните и истражни дејства.

„Причините за несреќата може да се многу, може возачот да заспал,а може да има и друга причина. Од вчера врне, а оваа делница е една од најтешките во нашата земја. Има голем наклон, огромна денивелација”, изјавил градоначалникот на Перник, Станислав Владимиров, на местото на несреќата.

Според бугарски експерти за патишта и сообраќај, оваа делница се смета за тешка. Цело лето таму се поправале дупки, често имало брзо возење и голем број сообраќајни несреќи.

Премиерот Зоран Заев рано утрово замина во Бугарија. За несреќата рано утрово бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев. Со него патуват и членови на неговиот кабинет, а кон истата дестинација се упатија и домашни надлежни екипи.

Трагедија во Бугарија: Загинаа 46 македонски државјани, меѓу нив 12 се деца

Тие патувале со автобус кој излетал од автопатот Софија – Благоевград и се запалил. Грешка на возачот или техничка неисправност се можните причини. Премиерот Заев со министрите Османи и Филипче се упатија кон местото на трагедијата

БУГАРИЈА – 46 македонски државјани утрово настрадаа во страшна трагедија која се случи на автопат во Бугарија, на триесетина километри од Софија, кога автобус во кој се превезувале 53 македонски државјани излетал од автопатот се превртел и запалил. Меѓу жртвите се 12 деца и двајца близнаци. Воачот исто така е меѓу жртвите. Седум патници се преживеани и во теѓка состојвба со сериозни изгореници се пренесени во болницата „Пригов“ во Софија. Најмалдиот преживеан има сам 15 години.

„Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков кој е на местото на несреќата заедно со бургарскиот премиер Стефан Јанев.

Трагедијата се случи околу 3 часот наутро кај селото Бошнек на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија

Според првичните инфромации, автобусот бил дел од поголем група од четири автобуси кои неколку часа претходно влегле во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“. Според неофицијаланите информации се враќале од Истанбул и требало да влезат во Македонија преку граничниот премин „Ѓуешево – Деве Баир“ кај Крива Паланка.

„Веројатно се работи за техничка неисправност, пред тоа има дупната гума“, изјави за БТВ Николај Николов, началник на Генералната дирекција за противпожарна безбедност и заштита на населението при МВР.

Бугарскиот претседател Румен Радев и привремениот премиер Стефан Јанев телефонски разговарале со македонскиот премиер Зоран Заев, кој веднаш заедно со министерот за здравство Венко Филипче и со шефот на дипломатијата Бујар Османи заминаа за Бугарија.

@tn.lajmelokale
@tetovanews