Ballina Makedonski ТРОЈЦА ТУРЦИ СО „ШКОДА“ ЗАВРШИЛЕ ВО ТРЕСКА Излетале од патот кон Матка

ТРОЈЦА ТУРЦИ СО „ШКОДА“ ЗАВРШИЛЕ ВО ТРЕСКА Излетале од патот кон Матка

Полицијата ги извлече од возилото, кое било изнајмено, а тие не биле повредени.

Полицијата денеска во 12:45 часот добила пријава дека на кањон Матка, во близина на угостителски објект, патничко возило се превртило и паднало во коритото на реката Треска.

Веднаш по пријавата полициски службеници излегле на местото на настаноти и констатирале дека превртено е патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „рент а кар“ компанија од Скопје. Возилото било на брегот и делумно навлегло во реката Треска.

„Возилото било управувано од О.И., а сопатници биле Ч.Б. и Е.Х. сите турски државјани. Од страна на полициски службеници лицата се извадени од возилото и истите се изјасниле дека не им е потребна итна медицинска помош. Извршен е увид на местото на настанот, а возилото е безбедно извадено“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанот.