Сериозен инцидент на семејно насилство бил пријавен во скопската општина Карпош. Според информациите од полицијата, 39-годишен маж физички ги нападнал својата 36-годишна сопруга и својата 60-годишна мајка во семејниот дом.
По пријавата, во 12:15 часот, осомничениот К.С. од Скопје бил повикан во Полициската станица Кисела Вода, каде што со него бил извршен службен разговор.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се документира, а по целосно утврдување на околностите ќе биде поднесена соодветна пријава против сторителот.















